Милијардер се прошета во вселената
Американскиот милијардер Џаред Ајзекман излезе во вселената, на неколку минути, во првата, историска прошетка во вселенскиот простор од едно приватно лице.
Притоа, Ајзекман, како и Сара Гилис, во текот на својата прошетка, ги тестираа и новите вселенски облеки.
Фантастичните слики што притоа ги имаат направено другите двајца членови на екипажот, снимајќи од капсулата , покажуваат како Ајзекман излегува од капсулата, додека зад него е бесконечната црна вселена.
„Ова е ,сепак, фантастично убаво„- има речено во тој момент овој милијардер, кој е и пилот.
Тој е основач на компанија за електронско плаќање, а веќе ги има финансирано мисијата Поларис , како и својот лет во вселената- Инспирејшн4-со Спејс Икс, од пред три години.
На новинарите одбил да им каже колу чини летот и колку има платено за ова свое историско постигнување, но претпоставка е дека во прашање се неколку стотици милиони долари- за секое од патувањата.
Заедно со него во оваа вселенска мисија беа уште и пилотот Скот Потита и инжинерката Ана Менон, како медицинска подршка.
Вселенското летало „Драгон“ во среда ја има заобиколено Земјата, шест пати, правејќи орбитален круг 0д 1400 км. што претставува најголема одалеченост до каде имаат отидено луѓето, од последниот лет на мисијата Аполо во 1972 година.
Прошетката на Ајзекман и на Гилис траела 13 минути , колку што имале на располагање за тестирање на новите облеки. Претходно, излегувањето од капсулата Драгон било на два пати одлагано.
Тестирањето е извршено како дел од планот за испраќање луге на некоја друга планета.