Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Такса за Санторини и Миконос

Такса за Санторини и Миконос

Владата на Грција одлучи да воведе посебна такса  од 20 евра, за секој турист кој ќе се одлучи да ги посети  островите Санторини и Миконос, а ќе допатува со некој од крузерите кои половат по Медитеранот.

Таксата ќе се наплатува само во текот на главната туристичка сезона, во летните месеци кога бројот на туристите е најголем и кога напливот од гости на  островите е поголем од можностите што тие ги имаат за да ги примат сите кои сакаат да ги посетат.

По углед на Венеција и Барселона

Премиерот Киријакос Мицотакис објасни дека целта на оваа мерка е само за да се заштитат Санторини и Миконос од сега веќе преголемиот  масовен туризам на овие два (сепак) мали острови кои последниве години станаа исклучително популарни- посебно за сите крстарења со огромните бродови-крузери.

Ваквата мерка на владата во Атина доаѓа по претходните одлуки на властите на Венеција и на Барселона кои веќе наплатуваат екстра такса за заштита од масовниот туризам.

Грција е една од туристичките велесили и популарна дестинација за туристи од целиот свет, а туризмот како стопанска гранка учествува во создавањето на  БНП на земјата со речиси 35 отсто.

Две села и плажи

Затоа во оваа гранка се вложува многу, откако стана јасно дека туризмот има помогнато земјата да застане на стабилни нозе по речиси децениската финансиска и должничка криза, која практично предизвика банкротство  на државата.

Но, се смета дека данокот за посета на овие острови бил неопходен.

На Санторини, на пример, има само две села и плажи. Од едниот до другиот крај на островот има помалку од 35 км. а на него постојано живеат едвај 20 илјади жители.

Станува невозможно, да се обезбеди вода, храна и се друго на вакво место, кога во него ќе пристигнат крузерите.

Спасување на островите

Сите тие кои стануваат се поголеми, носат со себе три, или дури и пет илјади луѓе, а сите тие  сакаат наеднаш да се истоварат на островот.

Се верува дека ако не била донесена оваа мерка, постоела реална опасност Санторини, но и Миконос, да бидат уништени од масовнит туризам.

На Санторини веќе на неколку пати се оджале и протести на жителоте кои барале од владата да направи нешто за да се ограничи напливот од гости.

Грчката влада сега најавува и ставање ред во движењето на крузерите, посебно во тајмингот за нивното впловување во малите пристаништа на двата острови.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе