Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Трамп е најголемата закана за Америка“

„Трамп е најголемата закана за Америка“

„Како граѓанин , секој од нас (Американците) е должен да ја стави земјата над партиската определеност, за да се одбрани Уставот (на САД) “- изјави во својата отворена порака до американската јавност, Дик Чејни- републиканец и поранешен американски потпретседател.

Во изјавата Чејни соопшти дека без разлика на својата припадност на Републиканската партија, на изборите во почетокот на ноември, овојпат, тој ќе гласа за демокатите и за нивната кандидатка Камала Харис, а против републиканскиот претендент Доналд Трамп.

Спасување на Америка

Дик Чејни беше потпретседател во два мандати- од 2001 до 2009 година- кога во Белата куќа, како преседател на САД  беше Џорџ Буш.

Американската левица, како и разни групи за човекови права,  го обвинуваа Чејни дека бил еден од „најголемите потикнувачи на војната“ , кога станува збор за воените интервенции во Ирак и во Авганистан, каде Американците беа обвинувани дека ги имаат повредено човековите права.

Сега, меѓутоа, Чејни кој се има повлечено од главнината на американската политика, но остана влијателен меѓу републиканците, се огласи со повик ео Американците не гласаат за Трамп, туку да се определат против него- за да (како што има речено)- се спаси Америка.

Храбар настап на Харис

„Во својата 248 годишнина, како постојат САД, во целата нивна историја, никогаш немало поединец кој бил поголема закана за републиката од Доналд Трамп“- вели поранешниот потпретседател  Дик Чејни во својата порака до Американците.

Ваквата изјава и определувањето на републиканскиот политчар за демократскиот претседателски кандидат, доаѓа како големо изненадување, затоа што тој важи за подржувач на  десното крило на неговата партија.

Но, се појави непосредно пред првата телевизиска дебата меѓу Харис и Трамп, во која една жена, актуелна потпретеседателка на САД, храбро и енергично му се спротивстави на Трамп.

На неговата позната ароганција и грубост, секогаш спремен за кавга и за омаловажување и дисквалификација на противнкот, која сепак, се однесува за американската сцена.

Трамп во дефанзива

Затоа што од неговото претходно претседателствување  (2016/2020) се разбра колку е опседнат од политичките моќници, од авторитарните режими и дури сервилен кон деспотите на власт,

Тоа посебно манифестирајќи го кон рускиот претседател Владимир Путин, наивно верувајќи дека – само тој во Америка- може да уреди добри билатерални односи со него и со Русија.

Храбро и одважно спротивставувајќи му се на таквиот републикански кандидат, демократката Харис не само што го има надзборено Трамп, туку и натерано да биде во дефанзива, да се брани и оправдува, а потоа нервозно да возвраќа- со навреди во негов стил.

Изјавата дадена во расправата за мигрантите- дека луѓето од малцинтвата, на кои им пришаѓа и Камала Харис- јадат домашни миленичиња- кучиња и мачки- ги разбесни луѓето и (велат) ги запали социјалните мрежи во САД.

Разлика во темпераментот

Американците ( според тамошните медиуми) ги  издвојуваат нејзините зборови- „јас не сум како Бајден- и другата-Путин ќе те изеде.

Настојувајќи притоа да се истакне разликата во темпераментот меѓу претседателот Бајден и неговата потпретседателка, за што се вели дека нема врска со годините и со наводната „неспособност“ на шефот на државата за втор мандат.

Сите кои се подолго во американската политика, знаат дека Бајден и како долгогодишен  сенатор и многу помлад, никогаш не бил кавгаџија и насилен тип, каков што е Трамп.

Уште помалку спремен да се расправа, без факти и со од ракав извадени “податоци“,  како што тоа се случи во текот на летната тв дебата со Трамп на Си-Ен-Ен ,после која демократите, грубо, го убедија Џо Бајден да се откаже од номинацијата која тогаш се уште ја немаше добиено.

Стабилизирање на Америка

Тој веднаш се определи за поранешната државна обвинителка на Калифорнија, за која се вели дека ако победи и влезе во Белата куќа, Америка ке продолжи таму каде ќе застане Бајден.

Во секој случај, реакцијата на Дик Чејни е и комплимент за Харис, но и за сегашната демократска администрација.

Администрацијата во Вашингтон, после обидот за пуч на Трамп (Капитол 6/1/2о21) и  за поништување на изборните резултати, успеа да ја врати Америка на нејзиниот традиционален демократски  пат, заштитувајќи ги и Уставот на САД и републиката.

Две работи кои го имаат натерано поранешниот  републикнски потпретседател- да ги повика Американците да гласаат за Камала Харис. Особено откако Трамп одби повеке да дебатира со демократската кандидатка.

(В.А.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе