Избегнат судар на два авиони над Скопје ?
Воздухопловните власти на Северна Македонија ја имаат потврдено веста дека е покрената истрага – за тоа дека над Скопје била избегнат судар на два патнички авиони.
Авионите биле на иста височина и летале директно еден кон друг, па наводно , несреќата била избегната во последен момент.
Случајот кои има предизвикано бранување во европската јавност, се случил на 7 септември, во 18,36 часот и за него се разбра, само благодарејќи на откритието на „Флајтрадар 24“.
Според овој познат сајт кои ги следи авионските летови низ светот, во инцидетот- што за малку ќе се случел- биле вклучени авион на компанијата „Туркиш Ерлајанс“ и на турско-германската компанија „Санекспрес“.
Авионот на државната турска компанија летал од Мадрид за Истанбул , додека вториот се движел од аердромот Даламан, кон „Гетвик“ во Лондон.
Според „Флајтрадар 24„ авионите успеле да се разминат на само 30 секунди, пред да се судрат. Во тој момент биле на 36 илјади стапки- или на 12 илјади метри.
За да не дојде до катастрофа и двета авиони извршиле итен маневар- едниот се искачил малку (326 стапки) погоре, додека другиот се спуштил за 575 стапки, што не е според правилата. Треба да има барем две илјади стапки вертикална одалеченот меѓу два авиони во секоја ситуација.
Како и да е, останува нејасно како можело да се случи двата авиони да бидат на иста височина- во исто време.
Cега мора да се утврди- дали вината е кај лошата и погрешна инструкција од земната контрола на летањето, или пак во прашање била грешка на пилотите.
„Флајтрадар24„ е глобална услуга за следење на летовите на авионите и нуди услуга во т.н. реално време, за илјадници авиони кои се во воздухот.