Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Мохамед ал Фаед обвинет за силување

Мохамед ал Фаед обвинет за силување

Повеќе од 20 жени тврдат дека британско-египетскиот бизнисмен и милијардер Мохамед ал Фаед ги има сексуално злоупотребувано, а некои од нив и силувано,  во времето додека беше позната јавна личност во Британија и сопственик на најпрестижната лондонска стоковна куќа „Хародс“.

Веста за тоа ја открива Би-Би-Си, во својата специјална документарна емисија, повикувјќи се на разговорите што ги има направено со жените.

Ал Фаед почина минатата година на возраст од 94 години.

Корупција и насилство

Во емисијата се вели дека компанијата „Хародс“ не само што нема презено нешто за да се заштитат овие жени, туку правела се што можело за да се прикриваат обвинувањата за кои  уште во тоа време се знаело.

Адвокатот на обвинителките има изјавено дека „мрежата на корупција и на насилство (кон жените) во компанијата било и раширено и мрачно“.

Според неговото објаснување насилствота се случувале во Лондон и во Париз ( во хотелот „Риц“ што Ал Фаед го поседуваше), но и во Сен Тропе и во Абу Даби.

Жените биле напаѓани и изнасилувани и во канцелариите на „Хародс„ во центарот на Лондон, како и во неговата вила на имотот во Виндзор.

Во секој случај, имало обиди и пред неговата смрт да се откријат деталите за  злоставувањето на жените, особено откако уште во 1995 година за тоа има пишувано во списанието „Венити Феар“.

Татко на Доди ал Фаед

Една, во тоа време, малолетничка, која била силувана, го има пријавено газдата на „Хародс“ на полицијата, но таа како и други пред неа, била обвинета- за клевета. Египетскиот милијардер никогаш не бил повикан на одговрност.

Мохамед  е татко на Доди ал Фаед за кого се разбра откако се откри дека е во врска со принцезата Дијана, мајка на престолонаследникот Вилијам и на неговиот брат Хари. Таа и синот на Ал Фаед загинаа во сообраќајна несреќа во Париз пред 27 години.

Таткото Мохамед ал Фаед ја обвинуваше британската тајна служба дека го убила неговиот  син, за да – „ Муслиман не се ожени со Дијана- мајката на идниот британски крал“. Обвинување кое никогаш и никој не успеа да го докаже и  покрај бројните теории за заговор.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе