Поврзете се со нас

Skopje Global

Македонија

„Црвената линија за неистакнато знаме“

„Црвената линија за неистакнато знаме“

Една „срешта“ , врзана за  гостувањето на операта на НОБ од Скопје во Софија, заврши во парам-парчиња, поради злоупотребата што ја направија вмровските политичари од новата власт, што (сега е сосема видливо) им беше потребна за нивните популистички цели.

Прво, инсистирајќи  за – „скандал на бугарските домаќини“-  обвинувајќи ја Софија дека сето тоа било намерно направено. А, потоа, дејствувајќи спротивно од најавената „културна дипломатија“ –  водејќи неука и кич дипломатија и иста таква политика, штетна  за македонските интереси.

Злоупотреба на „културната дипломатија“

Одмолчувајќи го „инцидентот“  додека гостите се уште беа во Софија и после  куртоазните, неофицијални „срешти“ , вмровско-бранковистичкиот националистички политички блок во владата на Северна Македонија, по враќањето,  на неколку пати, го користеше само за да се продолжи кавгата со Бугарија.

Колку за потсетување, станува збор за протоколарните фотографии  на претседателите на двете земји и на министрите за култура, за време на престојот на претседателката од Скопје, заедно со ансаблот на НОБ и на самата претстава. И двете слики се направени во службените кабинети, каде постојано е уредено местото за такво фотографирање- со истоветен декор- со знамињата на Бугарија и на ЕУ.

На двете фотки на кои и претседателката на РСМ и министерот за култура, позираат срдечно насмеани , го нема државното  знаме на Северна Македонија.

Патетичен лажен патриотизам

Никој за тоа не реагираше, се додека македонската опозиција не праша- зашто шефот на државата се сликал со бугарскиот претседател без знамето и на РСМ.

Односно, зашто не се одбегнало сето тоа- дури и да имало местенка од бугарска страна- со заедничка слика направена при поздравувањето, или додека гостинката и домаќинот разговарале. Нешто што инаку е вообичаено при средби насекаде низ светот.

Тревогата и патетичниот и лажлив патриотизам на новата власт се покренаа , затоа што беа прекорени од опозицијата, која се обвинува за „предавство“ на македонството. Како  во случајот со договорите за добрососедство со Бугарија и со Грција, така  и при градењето  пријателство со овие земји кои ни се сојузници во НАТО и партнери во ЕУ.

Инаку процес што претходната влада, сега опозиција, го доведе до пред вратата на Унијата, а го блокираше и го блокира сегашната вмровска власт.

„Немало веќе коленичење“

Премиерот кој раководи со владата според командите од вистинскиот газда- бегалецот во Будимпешта- не можеше да и одмолчи на актуелната опозиција. Таа и онака во изминатите три месеци му откри цела низа грешки, промашувања и над се- лажни приказни и китење со туѓи перја.

Затоа, прво се нафрли врз бугарската страна која- „претерувала со своето однесување кон нашата држава“,  дека барањата што ги има Софија биле „ултиматум“- а тој тоа не го прифаќал-  дека немало зашто да се контактира со бугарската страна, ставајќи го како „црвена линија“ случајот со знамето.

При тоа, прикажувајќи го  како некакво  врвно бугарско зло против РСМ, но и порачувајќи и на  Софија дека во Скопје сега има влада која не се плашела да праќа ноти и протести и која повеќе не „коленичела“ и не „виткала кичма“ пред другите.

Непотребно правење скандал

Што ќе рече дека владата со овој човек како премиер,  е спремна да се искара со Софија и кога за тоа нема  вистинска основа, само колку да ја одржи тензијата во односите и за да не го исполни задолжението што државата го има преземено кон ЕУ и кон Европскиот совет на сите лидери на Унијата.

Тоа значи дека не станува збор за  обврска кон Софија, како што овие од сегашнава  власт, погрешно  им го продаваат  на своите гласачи.

Затоа што договорот со Бугарија е полноважен и легален. Не е подложи на ново преговарање и е создаден со гаранции на ЕУ и на САД.

Од друга страна, оперската посета и „срештата“ на претседателите беше неофицијална и неформална , за која (велат)  не се истакнува знаме на земјата гостин и за што не се  протестира.

Уште повеќе што претседателката на РСМ по враќањето изјави дека -не сакала веднаш да реагира за знамето, за да не се прави од тоа скандал, прифаќајки дека станува збор за грешка на (бугарскиот) протокол.

Примитивна полемика

Софиските медиуми, пак,  забележија дека е претерана изјавата, со закана- за повлекување некакви црвени линии- на премиерот на РСМ, кого инаку го означуваат како  „руски човек“, повикувајќи се на изјави на некои софиски политичари.

Така или не, потврда дека случајот со знамето, сепак,  беше искористен за да се прикаже Бугарија како „зло“ со кое не може да се соработува, е  простачката „полемика„  на Фејсбук на министерот за патишта во Скопје, со поранешниот бугарски премиер Борисов.

Тоа е оној кој на бегалецот во Будимпешта, осуден за корупција, му порачуваше – јавно- да си даде оставка и кој навести дека може да го објави списокот на новите  македонски “Бугари“, меѓу кои најголем број се вмровци и вмровски гласачи.

Министерот за патишта кој дејствува како офицер за врска со лидерот во бегалство- мораше да го исполни барањето на својот газда во Будимпешта.

(О.У.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Македонија

Горе