Скопје последно на патот за Европа
Додека новата власт во Северна Македонија го гоштева Виктор Орбан, кого инаку го примаат само во Русија и Кина, и во Србија, во Охрид, каде престојува, унгарскиот премиер им ја донесе на домаќините веста дека – ја предложил само Албанија од земјите кандидати- за отворање на преговарачкиот процес , за влез во ЕУ.
Орбан и Унгарија претседаваат со Европскиот совет на ЕУ во кој се лидерите на сите 27 земји членки, до крајот на оваа година, според ротирачкиот систем на претседавања од шест месеци. Орбан има мандат да го состави дневниот ред за состаниците на Советот и тоа во случајов и го направил.
Орбан за преговори со Албанија
Но, впечаток е дека стратешкиот партнер на вмровците не се измачувал многу за да лобира за македонските работи.
Во ситуацијата во која самиот се има сместено во ЕУ, со постојаното војување со Брисел, тој овој пат се има затскриено зад Европската комисија, па без да се мачи многу- ја има истуркано Албанија.
За тоа во Луксембург ќе се одлучува на 15 октомври, но според Унгарецот дојден на гости, сега ништо не ке може да се измени во решението – засега да се изостави Северна Македонија, од стартот на преговорите.
Не затоа што нас таму, во Европа (наводно) не не сакале, како што зборува вмровската пропаганда, туку само затоа што Скопје (одново ) тера инает.
И како опозиција и сега како власт, вмровските националисти не сакаат да ги исполнат преземените обврски кон Брисел- да се направи уставна реформа и во преамбулата на Уставот на РСМ да се внесат и Бугарите.
Изолација наместо европеизација
Онака како што тоа е направено со сите етнички заедници кои живеат на територијата на државата и онака како што (вмровскиот режим) во своте 11 години владеење, на мала врата, ги внесе во Уставот и Бошњаците.
Станува збор за анти-европската манифестација на власта и нивното несакање државата да оди напрад, да се афирмира како европска земја, преку членството во големото семејство од над 450 милиони Европејци- сите заедно дел од европската култура, од европските јазици, европската писменост и европската историја.
Наместо европеизација на македонското општество, вмровците заговараат затвореност и изолација, во стилот на една диктаторска Белорусија и вазалство со две три режимски држави кои за македонството и за визиите на оваа држава се интересираат колку за- ланскиот снег.
Другите пред Северна Македонија
Затоа и не чуди арогантната и кавгаџиска реакција на актуелниот премиер со кое и суди на ЕУ за одлуката и една Албанија да се пушти пред нас- како што тоа беше на смиот почеток кога требаше да тргнеме кон Европа уште со Словенија.
После бевме во пакет и со Хрватска, за што се создаде терминот Западен Балкан, а во меѓуврене дозволивме пред нас да се најде и Црна Гора, која сега е главен фаворит да биде првата од регионот како 28 членка на Унијата.
Колку за потсетување, Црна Горе не беше независна земја лога Македонија беше седми кандидат за НАТО/ЕЕЗ- кога Албанија во 1997 година беше распарталена како држава, а Бугарија, Романија и Словачка размислуваа дали да тргнат на Западот, или да останат на Истокот.
Национализам наместо патриотизам
Продавајќи национализам наместо искрен патриотизам, свртени кон минатото, а не кон иднината на земјата и на луѓето во неа, вмровските националистички влади, по осамостојувањето пред 33 години, го блокираа европскиот пат , иако декларативно беа за него, затоа што консезуално беше определено како стратегиско прашање.
Премиерот на Северна Македонија ќе му признае на Орбан во Охрид дека знаел за ваквото решение и за изоставувањето на државата од отворањето на првиот кластер со обврските што треба да ги направи земјата.
Па, во првата реакција за јавноста ќе рече дека – ако тоа е услов за продолжување на преговорите со ЕУ- тоа не му треба. Како да станува збор за некаква семејна работа, а не за прашање за европската иднина на државата, тој одново ќе се определи за – кавга со Бугарија, обвинувајќи дека сето ова е „бугарски диктат“ .
Сега тој и неговите измислуваат некаква „нова формула“, во српски стил на однесување, немасто еднставно да да заврши она што е веќе договорено и за што согласност постои од Европскиот совет на ЕУ и САД.
Вмровците нудат „своја формула“
„Новата формула“ е само начин за замајување на лугето во земјата, затоа што вмровците бараат прво Бугарија да го потпишела протоколот за влез на Северна Македонија во ЕУ, па потоа во преамблата на Уставот да влезат и Бугарите.
Што ќе рече- на вмровско/бранковистичката влада не и пречи да влезат и Бугарита во нашиот Устав, ниту пак се плашат од наводната бугаризација, колку што им е важно тоа да се изведе како што тие бараат- за да се фалат пред гласасачите дека „ не свиткале кичма“.
Соседите, затоа, внимателно ги следат случувањата во и околу Северна Македонија.
Во Тирана со воодушевување е примена веста од Брисел, означувајќи ја како големо реформско достигнување на земјата, која далеку последна тргна на европскиот пат и за која до скоро на Западот имаше големи резерви за албанското членство во Унијата,
Страв од внатрешна криза
Факт е дека и ако помине ова решение ,во средината на идниот месец, никој не може да се клади колку време ќе и треба на Тирана за членството. Но. европски дипломати проценуваат дека Албанија со Црна Гора би можеле да ги изненадат сите и во 2030 година да бидат дел од ЕУ.
Во Софија, пак, се стравува дека оставањето на Скопје, на крајот од европскиот пат, со една БиХ која и натаму е нефункционална држава, постојано соочена со сецесијата на српската енклава и со нејзиното приклучување кон Србија , може да предизвика бранување во Северна Македонија и безбедносна криза.
Се очекува реакција на албанскиот блок партии, дури и на тие кои сега се во власта, затоа што тие сите се определени за европскиот пат и за Северна Македонија во ЕУ.
(С.С.Г.)