Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

„Коридорот 8 е главен проект на ЕУ во регионот“

„Коридорот 8 е главен проект на ЕУ во регионот“

Шефот на делегацијата на ЕУ во Тирана изјави дека коридорот 8 е „врвен приоритет на Унијата во регионот на Западен Балкан“.

Евроамбасадорот во Албанија Силвио Гонзато, на средба со новинари од неколку угледни европски медиуми има зборувано за забрзаното вклучување на регионот и земјите кандидати за влез во ЕУ.

Во тие рамки ја споменал и инвестиционата активност на Унијата, со зајмови и грантови за овие држави- за позабрзан развој и за спремноста на земјите за вклучување во ЕУ- до крајот на 203о.

Економско и безбедносно значење

За таа цел веќе се определени шест милијарди евра за сите земји кандидати ( за Северна Македонија се предвидени околу една милијарда евра).

Гонзато, притоа, објаснил дека коридорот 8 е означен како „топ инвестиција во регионот“ затоа шти станува збор за коридор кој поврзува три држави- Бугарија, РСМ и Албанија. Тргнува од бугарското Црноморие, а завршува во Албанија во пристанишниот град Дуреш ( Драч).

Во секој случај, од овој коридор ќе има голема полза- пред се, економска за сите држави- сега кандидатки за влез во ЕУ, како  и  за овој дел на Европа. Но амбасадорот на Унијата зборувал и за безбедносното значење на коридорот, означувајќи го и како дел „од стретегијата на НАТО“.

Скопје ќе го блокирало коридорот

Изјавата на Силвио Гонзато доаѓа како уште една од реакциите на ЕУ врзана за коридорот 8, откако новата популистичка, вмровска влада во Скопје најави дека ќе го прекинела коридорот – во делот кон соседна Бугарија, затоа што вмровците не биле заинтересирани за железничка врска со источната сосетка.

Изговорот беше дека повеќе биле заинтересирани за коридорот 10 – во правец север, југ и за врска со Грција.

Тоа требаше да ги залаже Брисел и ЕУ за тоа дека новата власт , која уште на стартот ги расипа тешко изградените добрососедски односи од првите соседи (освен со Србија), што ги обезбеди претходната влада, наводно, само сака да биде економски  порационална.

Но, во Брисел и во ЕУ веќе знаеја со кого имаат работа и дека најавеното откажување од пруга до Софија е само парада за домашните, антиевропски гласачи.

Нема пренамена на парите

Односно,  за прикривање на измамата дека ќе го преправат договорот со Бугарија, за што уште од пред да се создаде сегашната влада, имеше предупредување од ЕУ и од САД.

Наместо да се занимаваат со преправање на меѓународно валидни спогодби- веднаш да се зафатат со вистинско реформирање на државата кои ги бара ЕУ.

Кога од новиот премиер стигна изјавата дека неговата влада ќе ги – пренаменела европските пари од пругата до бугарската граница за нов проект (желзнички) кон Грција, уследија неколку предупредувања од Европа дека тоа не е можно и дека Северна Македонија не може и не смее така да манипулира со европските пари и проекти.

Се огласи и гераманскиот специјален пратеник за Западен Балкан Михаел Саразин кој ги предупреди новите во Скопје дека тоа не може да го направат.

Уривање на угледот на државата

Потоа уследија две изјави од македонска страна кој значеа само натамошна деградација на угледот на земјата.

Прво, премиерот кој настојува во се да го копира српскиот претседател, а не му дораснат, со соопштение дека -„некој се обидел да го поткупи, за да не се прекинувале работите“. Некажувајќи  кој е тој што му нудел поткуп, иако и по законите на Северна Македонија мора да го открие неговиот идентитет.

Набргу некој од владата беше натеран да даде толкување за тоа како вмровците замислуваат да го направат замената на парите од ЕУ. Уследи „формула“ парите кои и онака не се префрлени,- да се чуваат настрана , а за јужниот коридор да се најдат други пари!

Против ваквите будалести работи и однесувања на новата власт во Скопје се огласи и висок функционер на мисијата на ЕУ во македонскиот главен град, а потоа и официјална Софија и италијанскиот министер за надворешни работи.

Министерот ќе гради експресна пруга

Министерот за патишта во Скопје стави точка на целата оваа политиканска лакрдија која е на штета на државата, зборувајќи за изградба на брза пруга кон Грција, што убаво звучи само  за замајавање на наивните гласачи и на вмровците. Притоа, прикажувајќи ја  како модел- „брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта“ ,  зборувајќи дека Унгарците веќе ја изградиле.

Станува на тој начин јасно дека зад ваквите потези на вмровската власт се крие орбанова Унгарија и неговата стратегија кон регионот и посебно кон РСМ, а веројатно и на Белград. Згора на се, пругата е изградена само  меѓу Белград и Нови Сад и (велат) дека сега функционира како нормална, а не  како експресна пруга.

Пругата од таму до Будимпешта, меѓутоа,  чека на подобри времиња и во Србија, а посебно во Унгарија. Таму уште минатата година признаа дека и со кинеките пари, Орбан не може финансиски да го издржи товарот на изградбата на еден скап проект како што е експресната пруга.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе