Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Ле Пен обвинета за измама со европски пари

Ле Пен обвинета за измама со европски пари

Француската политичарка и  предводник на француските ултра-десничари, собрани во „семејната“ партија Национален фронт, Марин Ле Пен е обвинета за финансиска измама- со европски пари.

Станува збор дека таа ги злоупотребила парите на ЕУ , во период од 12 години, меѓу 2004 и 2о16 година, заедно со уште 26 други лица од нејзиниот крајнодесничарски политички блок.

Оштетен  Европскиот Парламент

Сите сега се обвинуваат дека парите на Унијата и на Европскиот Парламент, наменети за исплата на застапниците на партијата во Парламентот, биле префрлани и се искористени за плаќање на нејзините сопартијци во Франција кои работеле во и за партијата Национален Фронт/Национално собирање, а биле прикажани дека работеле за Парламентот на ЕУ.

Ле Пен која се означува како „вечниот кандидат“ за претседател на Франција, уште од времето кога делуваше заедно со нејзиниот татко и основач на партијата, ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека се „политички мотивирани“ и дека нејзиниот случај бил „прогонување за политички цели“.

Во Европскиот Парламент, меѓутоа, инсистираат дека станува збор за пример на измама и злоупотреба на европските пари.

Односно дека со нејзиното однесување е оштетен Парламентот на ЕУ, како и дека со постапката на Ле Пен е нанесена штета на угледот на оваа водечка европска институција.

Затвор и забрана за политичка активност ?

Доколку биде осудена, таа би можела да биде осудена на казна затвор до 10 години, но о со времена или трајна забрана да се занимава со политика.

Угледниот бриселски „Политико“ пишува дека француската ултрадесничарка повеќе стравува од втората казна, затоа што тоа ќе и го уништи угледот кај нејзините гласачи. Според некои анкети таа сега имала подршка од 40 отсто од гласачите во Франција , што ја правело (одново) да биде предводник на ултрашите за претседателските избори во 2027 година.

„Политико“ проценува дека тактиката на Марин Ле Пен во врска со обвинувањата е иста како и онаа на десничарот и популист во САД Доналд Трамп, кој на 78 годимо смета дека е млад и способен  да биде одново претседател.

Капања со пари од Путин

Таа , како и Трамп, верува дека обвинувањето и започнувањето на процесот би можело да и помогне за зголемување на нејзиниот рејтинг, иако зголемениот трампов рејтинг целосно исчезна со влегувањето во изборната трка на Камала Харис.

Не е прв пат Марин Ле Пен да се соочува со обвинување од Европскиот Парламент.

Пред неколку години таа беше и суспендирана како европратеник, откако се разбра дека за една изборна кампања во Франција, барала и примила пари од Русија.

Таа позајмица од Кремљ ја има присилено  да другарува со Владимир Путин и да ја брани првата руска инвазија во Украина, во 2014 година, кога беше запоседнат, а потоа и анектиран Крим.

(П.Ф.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе