Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Белград го блокира коридорот 8

Белград го блокира коридорот 8

Српскиот министер Горан Весиќ, кој беше дел од владата на Србија, во времето кога премиер беше Александар Вучиќ, има потврдено дека официјален Белград е против изградбата на коридорот 8.

Тој признава  дека српската влада била „вклучена во стопирањето на коридорот“ што треба да се протега од Црно Море, на истокот од Бугарија , па преку Северна Македонија, да завршува на брегот од Јадранско Море, на западот од Албанија.

Спротивно на македонските интереси

Информација за тоа донесува агенцијата Бгнес и во неа се потсетува  дека ЕУ се залага за овој (железничко-патен) коридор и настојува тој да се изгради, без разлика на политичките отпори и блокади, во и околу регионот.

Покрај овој коридор Унијата инсистира на изградба и на коридорот што од Романија  (преку територијата на Бугарија) би водел до Грција.

Станува збор за сценарио (на Србија и на тие кои се со неа во противењето на коридор 8) кое е насочено контра македонските стратешките интереси , за да земјата не биде балканска крстосница.

Српскиот министер Весиќ, пак, оценува дека изградбата на овој коридор би била „опасна варијанта„ за Србија, признавајќи дека Белград со сите сили работи и лобира на сите страни, наместо коридорот 8, да се форсира коридорот 10- во правецот север-југ кој од Средна Европа, преку Унгарија и Србија, би завршил во Грција.

„Не смее да се дозволи коридор 8“

„Србија ќе направи се што може да ја спречи изградбата на коридорот 8 и веќе засилено се работи за изнаоѓање инвеститор (во Белград се споменува Кина)„ – има речено Весиќ.

Според него – Србија требало „да биде етаблирана како централната земја на Балканот, како главната крстосница на регионот, преку чија територија ќе минуваат главните регионални патишта и железнички линии“.

„Србија не смее да дозволи да биде заобиколена со разни инфраструктурни проекти, каков е коридорот 8“- има речено овој српски политичар, потврдувајќи дека неговиот став е позиција на српската влада- и во време кога сегашниот српски претседател, беше премиер, а останува и сега.

Блокада од властите во  Скопје

Првата работа која ја направи новата- десничарска и вмровска влада во Скопје – беше да се запре веќе започнатата работа на железничкиот коридор 8.

За таа цел власта измисли и приказна за јавноста во Северна Македонија дека станува збор за наводно „мртов коридор“ за кој вмровско/бранковистичкиот политички и владеачки блок, не бил заинтересиран.

Односно, според зборовите на македонскиот министер за патишта, тој и неговиот премиеер сега биле заинтересирани само за правецот север-југ  , продавајќи футуристичка приказна за изградба на линија за експресна, брза железница до Грција, која за сето ова не покажува никаков интерес.

Во служба на кинеските интереси

Возот на вмровците би требало да чини- како што велат- „две-три милијарди евра“ и да вози  по  сосема нова траса што ќе одела преку Радовиш и Струмица до соседна Грција.

Во стилот на српскиот министер и овие во Скопје зборуваат дека „ќе се најдат инвеститори, доколку ЕУ не сака“ и притоа, како и оние во Белград, мислат само на Кина. И едните и другите, служејќи им само на кинеските ( и орбановите) политички интереси.

Од Брисел засега нема реакција, освен изјавата на амбасадорот на ЕУ во Тирана. Тој  на прес конференција, на едностраната одлука на новите власти во Скопје реагираше со изјава дека – “коридорот 8 е главниот инфраструктурен проект на Унијата на Западен Балкан“.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе