Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Националистите бараат „Голема Србија“

Националистите бараат „Голема Србија“

Национализмот во Србија продолжува да се одржува, потхранувајќи ја присутната  фрустрациајата  во српското  општеството. Било  да е  врзана за исполнувањето на договорот за Косово, со нормализација на односите  меѓу Белград и Приштина, било за да се храни уверувањето  дека- „Србија од секогаш  е жртва на разните историски неправди“, бидејќи не и се дозволува да биде голема и доминантна во регионот.

Таквата атмосфера е создадена уште во времето на Слободан Милошевиќ. што тој и неговиот режим ја одржуваа, додека „неправдите на историјата“ не почнаа да се исправаат со оружјето, сето тоа затскриено зад наводната одбрана на Југославија.

Уредување на „српски свет“

Таа состојба, актуелната српска  власт, и сега повремено ја обновува и ја потикнува низ новата верзија на големосрпската идеја, за изградба на некаков „српски свет“ .

Според замислата, тоа би требало да биде една голема и обединета Србија, во која би се сместиле покрај Република Србија ( со косовскиот север) и српската енклава Република Српска во БиХ, како и Црна Гора.

Официјален Белград одбива да прифати дека станува збор за територјални претензии кон соседите, но „српскиот свет“ продолжува да живее. Од него се нема оградено никој, а министри во владата тоа го потхрануваат, заедно со Милорад Додик и со српските националисти во Црна Гора.

„Надмудрување на Европа“

Ваквата приказна се става и во некакви глобални рамки, па се поврзува со „рускиот свет“ на Владимир Путин и со – кај српските националисти омилениот Доналд Трамп- кој наеднаш како да стана бранител на српството, затоа што се верува дека со негова помош Белград ќе ги надмудрел европејците.

Но, над се, ќе бил поништен  европскиот план (француско/германскиот предлог) за нормализација во Косово, односно  дека Трамп ќе уредел северот на Косово ( сепак) да и припадне на Србија, онака како што Крим и источна Украина ќе останеле вечно руски.

На тој начин, Србија не би била „губитникот“ и ќе добиела нешто за својата спремнист за компромисот околу иднината на Косово. 

Присвојување на земјите од екс ЈУ

Еуфоријата во дел од српската јавност од победата на Трамп во Америка предизвика тврдите националисти во Србија да отидат чекор понатаму во своето сонување за голема и обединета Србија. Многу  брзо смислија нов политички слоган- да ја направиме Србија поторно голема- што всушност е само копија на трамповото -Make America Great Again.

Но, во српската верзија , заедно со ваквата порака- во познатиот балкански стил- оди и карта на таа  замислена голема творба, а во неа се ставени сите „српски земји“ во кои се  наредени повеќето од поранешните ЈУ републики.

Освен Словенија и делови од северозападна Хрватска, остатокот од хрватската територија , со целата  БиХ, Република Србија и Црна Гора, како и Северна Македонија, се означени како територија на која е распостелена нивната „Голема Србија“.

Трамп, Маск и „Голема Србија“

 Веднаш откако стана јасно дека десничарот Трамп  победи на изборите во САД,  во центарот на Белград осамнаа големи  плакати ( на англиски и на српски јазик) со кои се порачува дека ( со помош на Трамп и  Илон Маск) е дојдено времето – за исполнување на големиот сон- за некаква обединета и територијално максимално проширена земја, за сметка на пет други независни држави.

Плакатите и пораките, со српско толкување на ( и во Америка) контроверзниот трампов план ги има направено и поставено една националистичка и конзервативна организација- “Наши“, која се рекламира како „српско народно движење“.

Станува збор за организација која се има огласено уште во 2012 година, кога правеше “црни списоци“ на невладини организации во кои се најдоа и Хелсиншкиот комитет и Амнести Интернешенел и радиото „Слободна Европа“.

Оживување на минатото

Во демокртската јавност на Србија тие се познати и по поставувањето плакати со сликата на убиениот премиер Зоран Ѓинѓиќ, на кои овој реформски и прозападно определен политичар беше означен како „странски агент“.

Засега не е познато како една ваква организација се ревитализира сега, освен ако луѓето во неа, во Трамп ( и Маск) не гледаат некаков „американски Путин“.

Факт е, меѓутоа, дека тие се огласија во време кога Белград се пресметува со новиот известувач на Европскиот Парламент за Србија, Тонино Пицула- некогашен хрватски министер за надворешни работи и долги години европратеник.

Пресметка со Тонино Пицула

Пресметката е почната уште пред  Пицула да почне да работи и пред да напише било каков извештај за тоа како напредува Србија.

Почна со оценката на српскиот претседател кој му замера – за тоа што го зборува за состојбите во Србија- околу острите оценки за нерегуларните парламентарни избори од минатата есен, кои инаку предизвикаа  масовни протести на српската опозиција и на тамошната јавност.

Организацијата „Наши“ неодамна ја наполни внатрешноста на Србија со плакати дисквалификувајќи го овој хрватски политичар како за „усташ“. Но, така за Пицула зборуваат и луѓе во српската влада- па и нејзиниот потпретседател Александар Вулин. Од чии зборови никој  се нема оградено.

(Д.Б.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе