Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

20 години затвор за сопругот- монструм

20 години затвор за сопругот- монструм

Суд во Франција го осуди сопругот на Жизел Пелико, која сега има 72 години , на затворска казна од 20 години, обвинет за масовно силување на својата сопруга,  што тој самиот  го организирал и во што повремено и учествувал.

Случајот што првично предизвика шок  во француската јавност,  а потоа гнев и протести на разните организации за заштита на жените и женските права од домашно насилство, заврши во судот, со казнување на сопругот-монструм и на силувачите. 

Организирал силување на сопругата

Пелико која самата го откри случајот- јавно признавајќи за насилството што се извршувало врз неа, уште пред процесот , во текот на истрагата чии детали се објавуваа, а посебно по изрекувањето на пресудите, стана симбол на борбата против домашното насилство.

Таа не само што зборуваше за нејзиниот случај, туку дозволи и судењето да биде  отворено за јавноста.

Осудениот, во период од десет години, организирал „сеанси“ со мажи на разна возраст, за да ја силуваат неговата жена, при тоа  правејќи и снимки од насилството, што на судењето се појавија како докази.

За сето она што и се случувало Пелико не била свесна, бидејќи претходно била дрогирана и успивана.

Жртвата  го открива насилството

За својот брак има речено дека почнал како романса. Било тоа љубов на прв поглед, што се претворил во брак во кој се родиле три деца, па важеле за среќно семејство, во едно мало село на југот од Франција.

Сето тоа траело додека не открила што и се случувало, а случајот се обелодени кога таа има решено јавно да зборува за тоа дека долго изложена на брутално насилство. Од страна на сопругот и на дваесетина силувачи кои  нејзиниот маж ги наоѓал преку- интернет.

Силувачите биле на разна возраст- според судот – меѓу 22 и 72 години. Сите сега се осудени на затворски казни меѓу три и 15 години. За повеќето од нив полицијата имала криминални досијеа.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе