„Со тупаници не се оди во Европа“
Доскорешниот хрватски европратеник Тонино Пицула кој сега е назначен за известувач на Европскиот Парламент, за состојбите и напредокот кон ЕУ на Србија, кусо, но со прекор реагираше на инцидентот во центарот на Белград, кога насилници на српската владеачка партија СНС, имаат нападнато и натепано двајца припадници на опозицијата во земјата.
Станува збор за лидерот на партијата Слобода и правда, Драган Ѓилас кој е и српски пратеник, како и за уште еден висок функционер на оваа партија, при што и обајцата завршиле во болница.
Партиски насилници
Нападнатите, како насилници, ги имаат означено еден партиски функционер на СНС, партија на претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој е и функциер во локалната власт во Белград, како секретар за инвестиции и – како што се вели- неговите тепачи.
Нема тешко повредени во ваквиот уличен политичко-партиски инцидент, но кога лидер на опозицијата е натепан од фуннционери на власта, тоа значи натамошна ескалација на долгата политичка криза во земјата, чиј политички врв продолжува да тврди дека Србија сака во Европа и влез во ЕУ.
Пицула , затоа во својата реакција на инцидентот, предупредува дека со вакви случаи, тоа тешко дека може да се постигне.
Ескалација на кризата
„Со шлаканици и боксови не се оди во Европа“ и во секој случај – не се отвораат нови кластери ( поглавја) во пристапниот процес.
Тоа претставува алузија на големата амбиција на власта во Србија за покренување и на третиот кластер- за заедничката европска политика- што Белград очекува да го отвори во јануари, иако и натаму тера инает со ЕУ, со седењето на „две столчиња“ , одржувајќи го стратешкото партнерство со путинова Русија и по инвазијата на Украина.
Познато е дека освен финансиска подршка, отворањето нови кластери значи и потврда од ЕУ за напредокот на земјата- кандидат на патот за Европа, што многу и е важно на партијата на српскиот претседател.
Особено што на една силно популистичка власт , каква што е сегашната, и е важно тоа да се случи во ова време на судири, протести, блокади на факултетите и училишта и на поделеност во општесвото какво (велат) немало од времето на режимот на Слободан Милошевиќ.
Опoзицијата со обвинување до Вучиќ
Затоа во Белград се верува дека и затоа е изведен нападот врз опозициони лидери , пред се, врз Ѓилас што се има случено додека насилниците лепеле плакати во кои тој се клевети како „крадец“. Како што затоа е насоченно и грубото навредување на Пицула, од страна на владеачката партија и нејзините челници.
Пред сите- од спикерот на српскиот Парламент, која хрватскиот дипломат во Европскиот Парламент го обвинува дека е „лажго“ , дека наводно е „корумпиран“, дека е пристрасен и дека ја „злоупотребува“ позицијата која му е дадена, па затоа бара да биде сменет.
Опозицијата , пак, смета дека тон на ваквата ситуација во Србија и посебно на овој инцидент, дава токму Александар Вучиќ и режимот што се означува како корумпиран и насилнички.
Пицула дискредитиран како Хрват ?
Наместо да делува смирувачки, претседателот на државата , среде Брисел опозицијата во земјата ја означува како – олош пред кој тој не се повлекува- а во Белград јавно го прикажува напаѓачот на Ѓилас како херој, додека тој самиот се фали- дека покажал каква младина има СНС.
Што се однесува до Пицула, уште кога овој беше назначен, српскиот претседател јавно го дискредитира- помалку како Хрват ( зашто не бил некој од батичките држави), а повеќе затоа што како европрареник ги бранеше протестите низ Србија, органиирани од домашната опозиција, поради нечесните и фалсификувани избори од од пред една година.
Лидерот на опозицијата, инаку, бил нападнат кога отишол да види кој тоа лепи плакати со кои тој лично се навредува и дисквалификува во српската јавност.
Протести против “крвавите раце“
Сето тоа трае додека „врие“ во земјата . Во време додека студентите и граѓаните ги блокираат улиците, во знак на почит за загинатите 15 лица во Нови Сад- чекајќи власта да се огласи за истрагата која (наводно) е во тек и да се посочат виновниците. Оние за кои студентите тврдат дека „имаат крвави раце“.
Власта, досега тврдеше дека плакати лепат „немирни деца“. После ннциденот од четвртокот вечерта- меѓутоа, се покажа дека станува збор за “големи деца“ од над 40 години кои уште се и на функција. Сега од опозицијата има лажни обвинувања дека – „Ѓилас го предизвикал инцидентот“.
Во таа приказна не верува голем дел од јавноста, па дури и еден Твитер ( сега Икс) кој ја има тргнато објавата на спикерот на српскиот Парламент, со обвинувања против Тонино Пицула- оквалфикувајќи ја како – лажна.
(Д.Б,)