Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Несреќниот лет на азербејџанскиот авион

Несреќниот лет на азербејџанскиот авион

Патничкиот авион на „Азербејџан Ерланс “ ,со 62 патника и петмина членови на екипажот, се урна во средата на територијата на Казахстан , во близината на градот Актау.

Во авионот имало  најмногу Азербејџанци, потоа 16 Руси, како и шестмина Казаци. При падот  38 лица се загинати, но има и преживеани, чиј број  (до правењето на овој текст) не беше конечен.

Цивилен авион наместо украински дрон

Отворена е истрага за причините на падот, но од тој момент почнува „мистеријата“ за тоа што навистина се случило со леталото, која упатува на настојувањето да се прикрие вистината.

Тоа посебно стана видливо, откако западните агенции јавија дека од азербејџански извори, блиски на нивната истрага- имаат сознанија дека авионот е соборен од против-воздушната одбрана на Русија. На тоа, портпарол на НАТО веднаш побара  темелна истрага од казахстанските власти.

Прва, сепак, реагираше Москва, со едно нетипично за неа, смушено објаснување во кое ништо не се соопштува, освен што се бара „воздржаност и неистрчување со избрзани заклучоци„.

Од портпаролот на Кремљ Дмитри Песков, овој пат, нема  категорично и  арогантно , студено отфрлање на  сомнежот дека – руската војска соборила патнички авион, полн со патници, наместо украински дрон.

Русите  соборија летало со 62 патници

Таква е реакцијата и на руските воздухопловни власти кои се вклучиле во истрагата кои уверувале дека не може да се утврди што се слуило, а така реагираат и казахстанските власти кои имаат изјавено дека – „причината за падот не може да се утврди“. 

Впечаток е дека политички крајно блиски, Русија и Казахстан  настојуваат да се спогодат околу едно истоветно соопштение, во кое Москва бара начин како да се извлече од тешкото обвинување.

Во меѓувреме е најдена „црната кутија“ од соборениот авион, а е утврдено дека на трупот од леталото имало дупки. Веќе се прикажани и видео снимки од последните минути од летот и  настојувањето на пилотот да стигне до пистата на аеродромот во Актау. Во тоа нема да успее, па  авионот ќе се урне, распаѓајки се при падот.

Азербејџанската страна, меѓутоа, останува на верзијата за тоа дека авионот е соборен со руски ракетен проектил, лансиран над градот Грозни  во Чеченија, која е дел од Русија, што експлодирала покрај леталото.

Без  согласност за принудно  слетување

Владини извори во Баку објасниле дека на оштетениот авион Русите не му дозволиле да слета  на ниту еден руски аеродром, иако пилотот барал дозвола за тоа. Му било наредено да лета преку Касписко Езеро, кон  Актау во Казахстан.

Во Азербејџан уште се тврди дека – ГПС навигацискиот систем во авионот бил попречуван , во текот на целиот прелет преку Касписко Езеро. Властите во Баку за тамошните медиуми имаат речено дека е познат и испалениот проектил. Станува збор за ракета од системот за против-воздушна одбрана „Панцир“.

Руски извори, пак, имаат речено дека во време додека авионот приоѓал над територијата на Чеченија, руските вооружени сили се обидувале да урнат украински дронови,

Обид за прикривање на вината

Апсолутниот лидер на оваа руска азиска република Кадиров има потврдено дека во средата ( кога е соборен авионот на Азербејџан) , имало напад со дрон врз Грозни. Притоа рекол дека немало ниту жртви, а нити била предизвикана материјална штета.

Самиот лет, од почетокот, бил исполнет со некаква мистерија и чудни случувања. Полетал од Баку, а требало да слета во Грозни, но се покажа дека веднаш  работите тргнале наопаку.

Поради (наводна) магла бил пренасочен на нова траса. Во еден момент, додека бил над руската република Дагестан, се „изгубил“ , но после еден час, одново се појавил, кога  бил пренасочен, на коридор што никогаш овој лет го нема користено- над Касписко Езеро , во западен Казахстан. Летот на крајот заврши, со пад на авионот блиску до градот Актау.

Втор инцидент за 10 години

Ова е втор пат, во изминатите десет годни, како руската војска соборува патнички авион од летот МХ-17 над територијата на Источна Украина (Донбас) во време на првата агресија на Русија врз украинската територија.

Тогаш беше користена ракетата „Бук“ и од неа сите патници, над 300 беа убиени.

Најголем број од нив беа Холанѓани и Малезијци. Овојпат има многу помалку жртви, а меѓу загинатите има и Руси, но злосторството  на руската војска кон убивањето недолжните цивили е идентично.

(Б.А.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе