Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Маск агитира за германските ултрадесничари

Маск агитира за германските ултрадесничари

Американскиот милијардер Илон Маск,  силен подржувач и сојузник на Доналд Трамп , со амбиции подлабоко да влезе во политиката, отворено застана зад партијата на германската ултрадесница АфД  (Алтернатива за Германија). 

Во авторски текст, објавен во „Велт ам Сонтанг“ , викенд изданието на весникот „Велт“ Американецот кој како имигрант има дојдено во САД од Јужна Африка, ја обвинува германската демократска јавност дека води „лажлива кампања“ против оваа ултрашка партија.

„Партијата се третира погрешно“

Неговиот текст е објавен во рубриката “Погледи и мислења“ на весникот и  претставува продолжување на агитацијата за АфД, откако претходно, на таа тема се има огласено и на Твитер ( сега Икс) што е во негова сопственост.

Пропагандистичкиот текст се јавува во предвечерието на изборната кампања во Германија, за предвремените парламентарни избори, закажани за 23 февруари.

Според Маск, ултрадесничарската партија „се третира погрешно“ во германската јавност и меѓу политичарите.

Но, појавувањето на неговото „мислење“ во весникот има веднаш предизвикано бранување во редакцијата на „Велт“.

Уредничката на рубриката има најавено оставка, само неколку часови по објавувањето на текстот, а низа уредници и новинари го осудуваат пишувањето на Маск, незадоволни што ваков текст има во весникот.

Лажното претставување на ултрашите

Маск ја брани АфД дека е „целосно лажно обвинувана“ , тврдејќи дека оваа ултрашка партија е – последната надеж за Германија“.

Тој цинично забелжува дека партијата нема ништо нацистичко , ниту може да се обвинува за про-нацизам и за користење на хитлеровите идеи, кога нејзината лидерка Алис Вајден е геј, живее во истополов брак со имигрантка од Шри Ланка, со која има дете.

Тоа е така, велат медиумите во Германија, но АфД и натаму заговара тврд конзервативизам во општеството,  афирмирање на „здравото семејство“ на маж и жена и е определена против геј бракови и создавање деца од истополовите врски.

Тоа, меѓутоа, според поголемиот дел од јавноста, ја прави оваа партија лажлива и целосно неискрена кон гласачите и јавноста.

Агитација за протерување на странците

Она што му се допаѓа на Маск и тоа го подржува,  е односот на крајната десница кон имигрантите. Нешто што тој ( и Трамп)  го бранеа и за него агитираа и во САД за тамошните избори.

Масовни протести се одржаа низ Германија кога се дозна за еден таен состанок на АфД на кој се зборувало за протерување на странците- наводно само илегалците- и за прочистувањето на германското општество ( од негерманците). Тоа предизвика отворање и на дебата за евентуална забрана на АфД.

Особено што во 2о21 година , германското контраразузнавање ја означи оваа партија за – опасна за безбедноста на државата.

На последните регионални избори партијата освои најмногу гласови во источногерманската област Тирингија , од каде (инаку) има тргнато и напредувањето на нацистичката хитлерова партија , во триесетите години на 20 век. Сега проценка е дека на сојузно ниво,  АфД има рејтинг меѓу  2о и 25 отсто.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе