Одложена номинацијата за Оскарите
Соопшувањето на годинешниве номинации за престижната награда Оскар , се одлага за неколку денови поради катастрофалните пожари кои ги имаат зафатено реонот околу Лос Анџелес и делови од Холивуд.
Традиционалната церемонија на која се соопштуваат филмовите, актерите, реѓисерите и сите други кои се вклучени во правењето на филмовите, претходно беше закажано за 17 јануари. Поради новонастанатата ситуација, се очекува имињата на сите номиминирани да се објават подоцна.
Хаос во филмската индустрија
Во сооштението за оваа одлука се вели дека се продолжува за неколку деновиа и гласањето на околу десете илјади членови на Американската филмска академија, што е започнато на 8 јануари, а во еден момент беше прекинато-поради пожарите.
Извршниот директор на Академијата Бил Крамер ирази сочувство на сите кои се погодени од досега најголемата огнена стихија која го уништува целиот реон околу Лос Анџелес и безмалку целата Јужна Калифорнијам, која има погодено голем број членови и колеги од филмската индустрија.
Односно, сите оние кои живеат и работат во широката област тешко погодена од пожарите.
Огнот се уште не е под контрола
Медиумите , во меѓувреме, јавуваат дека огнот се уште не може да се стави под контрола и продолжува да се шири кон Холивудските ридишта, откако со помош на силниот ветер, се опустошени елтниот кварт Палисадс, каде многумина актери и филмаџии имаа куќи и делот на Малибу.
Освен огромната штета од десетина милијарди долари, како и (засега) десетината човечки животи , се јавува дека огнената стихија создава и хаос во филмската индустрија,со прекинување на работата на низа проекти,
Не затоа што се зафатени студијата, туку затоа што вработените во индустријата и резервните посади, не може да стигнат до студијата.
Налик на атомски напад
Низа познати лица од светот на филмот веќе се соочени со целосно уништениот имот и домовите од по десетина милиони долари, кои морале итно да се евакуираат, спасувајќи се од силние пожари.
Некои од нив, за Си-Ен-Ен имаат изјавено дека опустошените делови од пожарот делуваат како врз местата да паднала атомска бомба.
Медиумите во исто време јавуваат и за првите гневни критики на луѓето за – како што велат- забавената и неадекватна реакција на градските власти на Лос Анџелес на пожарите.
Сите се жалат на недостигот од вода која им била неопходна за време на првиот налет на огнот, за локализирање на пожарите.