Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

САД- Санкции за висок советник на Орбан

САД- Санкции за висок советник на Орбан

САД имаат воведено санкции за висок советник на Виктор Орбан, осомничен за корупција. Станува збор за Антал Роган, шеф на кабинетот на премиерот на Унгарија, долгогодишен близок и крајно лојален на Орбан и неговата владеалка партија Фидес.

Во системот на власта во Будимпешта, Роган е задолжен за контролата на  унгарските разузнувачки служби и за медумите врз кои орбановата власт има целосна контрола.

Уреден систем за корупција

Американците го обвинуваат дека тој го има уредено и предводено системот на корупција кој му овозможува, нему ( и на власта) да се контролираат стретешките сектори на унгарското стопанство , но и за да може да се префрлаат приходите на негова сметка и на неговиот круг високи и лојални функционери на владеачката партија и на Орбановата власт.

Веста за американските санкции кон еден висок и се претпоставува доверлив советник на унгарскиот автократ, кој владее со земјата безмалку 15 години, засега, останува без реакции на официјална Будимпешта.

Во Вашингтон, меѓутоа, претставнник на министерството за финансии има речено дека – САД нема да се двоумат за повикување на одговорност , на поединци како Унгарецот Роган, кои ја користат моќта на својата функција за незаконско богатење- за себе и за свои блиски пријатели,  на штета на својата земја.

„Тројански коњ“ на Кремљ

За него се знае дека не само што му е крајно лојален на Орбан, туку и тоа дека унгарскиот автократ и вистински деспот ја почитува лојалноста на шефот на неговиот кабинет и затоа што Роган ја има креирано силната партиска , пропагандна машинерија со чија помош  владее толку долго во Унгарија.

Односите на Будимпешта и Вашингтон никогаш не станаа добри со администрацијата на Џо Бајден, затоа што САД ја подржуваа ЕУ во нејзината битка да се „дисциплинира“ Орбан – околу неговото непочитувањето на вистинската , европска демократија, на стандардите на ЕУ и независноста на судскиот систем во сопствената држава.

Но, исто така и во врска со отпадништвото на Унгарецот, кога станува збор за инвазијата на Русија кон Украина и орбановата улога на „Тројански коњ“ во ЕУ/НАТО во полза на Кремљ, контрирајќи му на Брисел околу подршката на Киев.

Националист и евроскептик

Во изминатите години Орбан се претвори во ултрадесничар, евроскептик и најсилен подржувач на десничарењето и популизмот на Доналд Трамп. 

За последните евроизбори тој водеше кампања против Брисел и ЕУ, онакави како што се сега уредени, заговарајќи една своевидна „црна алијанса “ на ултрашки партии , засновани врз национализмот и популизмот.

Не успеа да го „собори„ Брисел, за што се залагаше. А кога според редот на ротациското претседавање со Европскиот совет, доби шест месечен мандат, формално, да ја предводи ЕУ, тогаш целата Унија му сврте грб.

Во такви услови ветуваше дека само тој ќе им помогнел на вмровците во Северна Македонија да ја „поразат„ Софија и да ја осрамотат ЕУ, уредувајќи за нив „нови преговори“ на Скопје со бугарската влада.

Се покажа дека е обична лага за потребите на новата власт , за залажување на измамените македонски гласачи, а всушност само за промовирање на старо-новото стратешко партнерство со новите властодршци во Скопје.

Неуспешен „миротворец“

Се обиде да се нуди како европски лидер, но ЕУ јавно се дистанцира од него, кога тргна со (наводна ) иницијатива за мир во Украина, иако од Украинците бара капитулација.

Ги посети Киев, Москва, Пекинг и Вашингтон, но се покажа дека тоа го прави само како унгарски премиер, а не како претседавач на ЕУ.

На крајот излезе дека сето тоа било во функција на путинова Русија, во истовреме агитирајќи за Трамп на изборите во САД, во стилот кој го правеше и го прави Илон Маск.

Не го исполни ветувањето дека ќе части шампанско, ако победи американскиот десничар, а се разбра дека славењето минало со- вотка.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе