Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Расист и вистински лош човек“

„Расист и вистински лош човек“

Во време на зголемено незадоволство меѓу водечките приврзеници на Доналд Трамп, а на само една недела пред инаугурацијата на новиот претседател на САД, поранешниот советник Стив Бенон, остро се има нафрлено врз новото трампово галениче, Илон Маск.

Бенон  во времето на првиот претседателски мандат на Трамп беше прво именуван за – советник за стратешки прашања во Белата куќа- но подоцна беше тргнат на страна и сменет, за да стане своевиден адвокат за креирање на нова, крајно десничарска (црна) алијанса во Америка и во Европа.

Двојните стандарди на Маск

Сега остана приврзеник и подржувач на Трамп, иако го нема никаде во новите именувања на луге во трамповата администрација и по долгото молчење се огласи со силна критика кон Маск, нарекувајќи го – расист и вистински лош човек.

Во интервју за италијанскиот весник “Кориере дела Сера“, Бенон  го критикува лицемерните и двојни стандарди на Маск во врска со имиграцијата, како и личните бизнис интереси кога станува збор за ова прашање. Тоа прашање што ја подели Америка, но и републиканската партија, откако Трамп, со подршка на Маск заговараат депортација на мигрантите.

„Тој е вистински лош тип и многу лош човек. Си поставив задача, да направам се што е можно тој да биде тргнат- да нема пристап до Белата куќа на највисоко ниво. Претходно, затоа што има вложено пари ( во изборната кампања), бев подготвен да го толерирам, но сега веќе не сум“- има изјавено Бенон.

Најголем подржувач на Трамп

Маск стана еден од најголемите и најмоќните подржувачи на Трамп во текот на претседателската изборна кампања и во годините пред неа. Дури во еден период во државите , познати како неодлучни и неопределени, милијардерот  организираше некаква томбола, пректично, нелегално купување гласови- во полза на Трамп.

Американски и европски медиуми, како лондонски „Гардијан“ на пример, тврдат дека Маск има вложено 270 милиони долари во кампањата, за што е награден со позиција од новиот претседател.

Трамп затоа го има определено да ја предводи советодавната група која треба да изработи план-шема за намалување на трошоците на владата.

Имигрантска виза Х-1Б

Илон Маск , меѓутоа, предизвика гневна реакција од приврзениците на Трамп и од најконзервативниот блок кај републиканците, со изјавата во врска со давањето имигрантски визи. 

Остро го критикуваат затоа што прифаќа и се согласува со (имиграциска) виза од типот Х-1Б- да има и натаму за квалификувани стручњаци и за инжинери , надвор од Америка, кои би работеле во високотехнолошките компании, како оние на Маск- Спејс Икс и Тесла.

Критичарите од трамповиот табор кои се противат на речиси секој облик на вселување во САД, остро ја осудија ваквата изјава на Маск – некои сметајќи дека можеби е пробен балон на самиот Трамп, за да се види реакцијата.

Притоа се потсетува дека и Илон Маск кој е имигрант од Јужна Африка и самиот имал ваква виза кога влегол во САД- за да студира, не минувајќи ниту ден како студент.

Изигран системот за миграција

Според Стив Бенон, оваа работа со визата Х-1Б покажува дека т.н. (технолошки господари во САД) го имаат изиграно и измамено целиот имигрантски систем во земјата.

Тоа сакаат да го направат и сега, затоа што тоа ним им одговара и  затоа што е добро за нивниот бизнис.

„Маск би требало да се врати во неговата Јужна Африка. Зашто  имаме овде Јужноафриканци- бели Јужноафриканци- кои се најголемите расисти во светот- тие да  ги коментираат состојбите во САД и да ни кажуваат што да направиме“- има речено Бенон.

Глобален техно-феудализам

Поранешниот трампов советник смета дека Маск нема никави други амбиции, освен да стане првиот билионер во светот.

 Бенон  смета дека станува збор за еден заговорник на „техно-феудализам“  на глобално ниво  и ток најавува борба против таквата замисла. Верува дека намерата на Маск е секоја од неговите компании да биде заштитена, да има пари и да заработува многу пари.

„Целта на овој човек е низ богатството да обезбеди и моќ и тоа веќе сега го манифестира“- има речено во разговорот Стив Бенон.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе