Претседателот бара референдум за свое сменување
Претседателот на Србија Александар Вучиќ побара организирање референдум во земјата за своето сменување од функцијата.
Всушност, тој побара опозицијата официјално да побара еден- како што има речено- советдавен референдум за шефот на државта, за да се утврди колкава е навистина подршката што ја има во српската јавност.
Власта има собрано потписи
Со објава на Инстаграм, Вучиќ за ваквиот предлог се има определено откако српската агенција ЦРТА објави дека „огромно мнозинство од граѓаните “ се за неговото сменување.
„Мислам дека станува збор за една фер понуда , затоа што така ќе престанат да се фолираат сите во Србија дека (навистина) се загрижени за „некакви градежни документи“ (се мисли на хартиите врзани за несреќета во Нови Сад) и на тој начин ќе ги поставиме работите на своето место“- има нанишано на Вучиќ на оваа социјална мрежа.
Според белградските медиуми, ова е пета по ред најава на претседателот за некаков референдум, но досега ниту еден не е одржан.
Овој пат, меѓутоа, неговата понуда како да се настојува брзо да се инструметализира да се искористи, затоа што ( каков и да е референдумот) се верува дека неговата СНС партија во никој случај нема да дозволи Вучиќ да се тргне од власта, на која се наоѓа 12 години.
Неуставна иницијатива
Во меѓувреме, нему крајно лојалната Ана Брнабиќ која е спикер на Парламентот, веќе има објавено дека позицијата има обезбедено потребен број потписи за покренување на иницијативата за еден ваков референдум и јавно ја повика опозицијата и таа да ги обезбеди потребните 60 потписи.
Опозицијата, пак, која смета дека станува збор за уште една „парада за залажување на јавноста и за одвраќање на нејзиното внимание од длабоката политичка криза во Србија“ , нема намера да собира потписи, уште повеќе то смета дека иницијативата на претседателот е – неуставна.
Правни експерти оценуваат дека во српските закони и во Уставот не постои категоријата „советодавен реферерендум“ со кој може да се смени претседателот на државата.
„Нема советодавен референдум“
Според нив, разрешување на претседателот се покренува само во случај на повреда на Уставот и таквата постапка се покренува со третина од пратениците во Парламентот.
За иницијативата и за тоа дали претседателот го повредил Уставот треба да се изјасни и Уставниот суд, но ни тоа не е крај на предвидената процедура,
Доколку и судиите на Уставниот суд потврдат дека има прекршување на Уставот, случајот се враќа во Парламентот , каде пратениците со дветретинско мнозинство, мора да ја потврдат таквата одлука.
Експертите , затоа, оценуваат дека нема никаква варијанта за „советодавен референдум“ преку кој би можел да се тргне од власт, односно да се смени од функцијата, претседателот на државата