Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Бајден: Закана од американската олигархија

Бајден: Закана од американската олигархија

Американскиот претседател на заминување Џо Бајден во своето последно обраќање до јавноста предупреди на олигархијата во САД и на неограничената моќ  во рацете на многу богатите.

„Во Америка денес се создава олигархија која се огледува во екстремното богатство, во моќта и влијанието , што претставува сериозна закана за нашата (американска) демократија, за правата и слободите на граѓаните“- има речено Бајден кого на 20 јануари ќе го замени Доналд Трамп.

Ситуација за тревога

Според ВОА ( Гласот на Америка) претседателот на заминување го цитирал поранешниот републикански претседател Двајт Ајзенхауер кој на времето има зборувано за „загрижувачкиот напредок на воено-индустрискиот комплекс“ , Бајден  зборувал за загриженоста поради „забрзаниот напредок на технолошко-индустрискиот комплекс кои исто така може да биде опасен за Америка“.

Се уште актуелниот претседател зборуваше за тревожната ситуација во време кога некои од најбогатите во САД ( и во светот) се собраа околу новоизбраниот претседател Трамп (тројца од нив – Маск, Безос и Цукерберг , ќе бидат покрај него на инаугурациската церемонија), но во обраќањето никого нема поименично споменато.

Бајден во оваа прилика, своето последно претседателско обраќање до  Американците го има започнато со спогодбата на Израел и Хамас, за прекин на огнот , инсистирајќи одново дека  за тоа заслуга има само неговата администрација.

Смирување на Блискиот Исток ?

За тоа, како што рекол,  има зборувано уште во мај претходната година и за што многу време и труд имаат потрошено и тој и државниот секретар Блинкен.

Но, спогодбата која официјално треба да почне да важи од недела, ќе ја применува новата администрација во Вашингтон . Затоа, како што објаснил Бајден,  неговите соработници биле во комуникација со новата администација.

Забелешка која се смета дека претставува  одговор на актуелниот претседател, на фалбаџиските изјави на новоизбраниот- дека  тој има заслуга за спогодбата меѓу завојуваните страни на Блискиот Исток, постигнат во Доха, пред некој ден.

Половина век во политиката

Џозеф (Џо) Бајден кој има 81 година, по заминувањето од Белата куќа оди во пензија,завршувајќи   една долга и успешна политичка кариера, која трае повеќе од 50 години, како сенатор, два мандати како потпретседател ( со Барак Обама) и еден како претседател на САД.

Како што е редот, Бајден на заминување има зборувано и за изминатите четири, претседателски години и притоа рекол дека ја има преземени функцијата – време на пандемијата со корона вирусот, кое успешно е надминато, како и тоа дека по тоа е стабилизирана економијата, тешко погодена од пандемијата.

Како успех, ги има наведено донесувањето на „мошне важниот закон“ за безбедноста од оружјето, како и важните прописи врзани за климатските промени, така што веќе не мора да се избира меѓу економскиот напредок и климатските промени.

Критика за Мета

„Она што сега е битно е да не се случи- во интерес на профитот- да се укинува регулативата која е мошне важна за иднината“- има речено Бајден.

Зборувајќи за новата технологија и тој во оваа прилика има предупредено на заканата од вештачката интелигенција, доколку таа област не се регулира .

Притоа го критикувал и најновиот потег на Мета, на Марк Цукерберг, без директно да го спомене – да се укине проверката на вистината на фактите, што сега  оваа компанија го означува како „цензура“, сопственикот откако има поминато еден ден во вилата на Трамп на Флорида.

Потреба од дополнување на Уставот

За Бајден, тоа е закана од натамошмото ширење на лажните вести, на дезинформациите  и на подметнувањето на социјалните мрежи, што и сега има силен замав и ги труе општеството.

Конечно, на внатрешно политички план, претседателот за заминување сугерираше потреба од дополнување на Уставот на САД со амандман со кој би се потенцирало дека ниту претседателот, ниту потпретседателот на државата во никаков случај, не смеат  да бидат над законите, доколку направат незаконско дело.

Се смета дека ова треба да се разбере како порака за Доналд Трамп и за  неговите случаи на судирање со законите, кому инаку, му посака успех во мандатот.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе