Утринско кафе за здраво срце
Утринското кафе-првото и ако е единствено- може да помогне за намалувањето на ризикот од кардиоваскуларните болести, како и за вкупната смртност- покажува најновта научна студија, објавена во списанието European Heart Journal.
Како услов за тоа е да не се пие друго кафе , барем до попладневните часови,
Деветнаесет годишно испитување
Авторите на оваа студија анализирале податоци за исхраната на повеќе од 40 илјади возрасни Американци во еден долг период од 19 години, што започнал во 1999, а завршил во 2018 година.
Патем,научниците испитувале колку кафе еден испитаник внесува во својот организам. во текот на еден ден, бележејќи посебно кога тоа се прави- наутро, попладне или навечер.
Во исто време детално биле премерувани сите податоци врзани за еден човек, како што е неговиот пол , возраста, етничката припадност и здравствената состојба , меѓу другите параметри, а сето тоа врзано за испивањето кафе.
При тоа, истражувачкиот тим утврдил дека луѓето кои редовно пијат од овој популарен напиток, посебно наутро , се соочени со далеку помал ризик да починат од некоја од кардиоваскуларните болести, па дури и од сите други причини за смртност, од оние кои пијат кафе во текот на целиот ден, и тоа повеќепати, но и од оние кои воопшто не пијат кафе.
Нема волшебен лек
Во анализата се вели дека не е прв пат да се испитува улогата на кафето за здравјето на луѓето и за ползата од пиењето на овој напиток, но овој истражувачки тим инсистира дека ова е прва анализа која го има испитувано значењето на утринското кафе.
Аналитичарите, сепак, појаснуваат дека кафето не е никаков волшебен лек. Тие стануваат на вообичаената препорака дека за здраво срце се важни три работи- физичката активност, како и одбегнување на пушењето и внесувањето шекер во организмот.