Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Руското оружје на Хезболах за Украина?

Руското оружје на Хезболах за Украина?

Израелската влада и предлага на Украина да им го префли на Украинците целото руско оружје што израелската армија го има запленето во Либан, во текот на борбите против проиранската милитантна екстремистичка група Хезболах- јавува украинскиот весник на англиски јазик „Киев Индепендент“ кој се повикува на разговорите во израелското МНР. 

Во септември 2024 година, израелската војска покрена копнена офанзива против Хезболах која почна со напади врз северениот дел на Израел, како одмазда за офанзивата на Израелците врз Газа, покрената по крвавиот терористички напад на Хамас врз југот на израелската држава.

Ирански дронови за Русија

Во нападот,  во кој брутално беа масакрирани и убиени околу две илјади цивили, меѓу кои и стотици млади, собрани на концерт за мир покрај границата со појасот, а околу 2оо други лица беа земени како заложници.

Во разговорот во израелскотото МНР, со амбасадорот на Украуна, доминирала темата за воената соработка на Русија и Иран, за која е оценето дека претсставува закана за двете земји.

Иран ја снабдува Русија со илјадници дронови ид типот „Шахид“ кои Русите потоа ги користат за нападите и бомбадирањето на украинските градови и позициите на фронтот.

Украина го подржува Израел во неговата праведна борба зачувување на целовитоста на израелската територија и иранските амбиции за „уништување на израелската држава“, одново изразени по нападите од 7 октомври 2023 година.

Европски медиуми пишуваат дека стануваз збор за разно руско оружје кои му е дадено на Хезболах, прво во Сирија, во времето на режимот на Башар ал Асад, сега пребеган во Москва, а потоа префрлано на либанска територија, каде проиранските екстремисти се однесуваат како -држава во држава.

Над 60 отсто од  оружјето е руско

Иран со години на ред- материјално, политички и воено ги помага Хезболах и Хамас, испраќајки  тони оружја за милитантите во Либан.

На пописот на заробено оружје станува збор за снајпер пушки „Драганов“, ракетни бацачи СПГ-9 и противтенковски ракети. Во залихите на Хезболах се запленети и ирански ракети  од 107 мм. како и многу мини и муниција.

Преку 60 отсто од оружјето запленето во Либан е со руско потекло. Сега таму во сила е тримесечен прекид на огнот.

Украина очекува , поудата за префрлање на запленетото руско оружје на украинските сили да биде одобрено од израелскиот Кнесет (Парламент).

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе