Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

САД : „Не треба помилување- погрешивме“

САД : „Не треба помилување- погрешивме“

Доналд Трамп со еден свој популистички потег, изведен на театрален начин  – позирајќи им на тие околу него во Овалниот, претседателски кабинет во Белата куќа -потпиша извршната наредба за помилување на 1600 насилници .

Станува збор за оние  кои на 6 јануари, пред четири години, насила навлегоа во зградата на Конгресот на САД, за да не дозволат да се  потврди изборните резултат од изборите во ноември 2020 година  и (уверливата) изборна победа на Џо Бајден.

Насилство на „чуварите на Уставот“

Тоа беа оние кои претседателот Трамп (тогаш на заминување), претходно, на митинг во Вашингтон ги повика  „да го заштитат Уставот“, тврдејќи без докази и без основа, дека тој е победникот и дека му била украдена победата.

Толпата требаше  да ја спречи , инаку, рутинската конгресна процедура , која, меѓутоа,  за голем број Американци беше обид за пуч на шефот на дравата , против изборната волја на граѓаните на САД.

Во тој налет на насилниците-  ултра десничари, од американското политичко подземје, од расисти и припадници и приврзеници на движењето за Бела супремација- загинаа шест лица , а десетици други беа ранети.

Трамп и тогаш, како и сега, ги означува како- „патриоти“ и како „чувари на уставниот поредок“- кои наводно требало да го одбранат Уставот од „изборната измама“.

Измислени тврдења за изборна измама

Сега сите тие  се пуштени на слобода, што  Трамп ја означи како „исправање на неправдата и злосторствота“ што им се направени, иако тоа беа насилници од кои дел беа вооружени и опремени за претепување на „виновниците“, меѓу кои како главна ја имаат посочувано Ненси Пелоси (80) тогаш се  уште спикер на Конгресот.

Пучот на Трамп   против изборите, сепак , не успеа, насилниците не ја најдоа Пелоси низ конгресните коридори, а американската демократија тој ден го има доживеано својот најголем удар, каков никогаш дотогаш немало.

Поразениот претседател, веднаш по тоа избега од Вашингтон во својата вила во Флорида, одби да присуствува на инаугурацијата на новиот шеф на државата, и продолжи да тврди дека е „ограбен“, да обвинува и да се заканува со одмазда.

Без разлика што и Врховниот суд на САД, во кој од трампово време доминираат конзервативни републиканци, ја потврди легалноста на изборите и отфрли дека имало изборна измама.

„Бабичката на МАГА“

Четири години подоцна, иако во сосема други и демокртатски услови се изврши транзицијата на власта, Трамп- сега како нов избран претседател-успеа да се “одмазди“. На свој начин- помилувајќи ги оние кои (практично) тој ги натера на насилество, пракајќи ја толпата да го освојува Конгресот , за да нема смена на власта.

Во својата ароганција и надменост, меѓутоа, инаетејќи се со сите кои го обвинуваа за “најголемото злосторство“ кон американската демократија , тој како да нема помислено дека со овој гест само ја потврдува својата одговорност.

Како и да е, повеќето од осудените , според домашните медиуми, веќе се на слобода, но Американката Памела Хамфил, која пред четири години беше дел од насилничката толпа и осудена, не се согласува со Трамп и со неговата сегашна одлука, од која тој направи пропагандна претстава. 

Манипулација и лажна нарација

Сега таа зборува дека сите кои насила навлегоа во зградата на Конгресот на Капитол, во Вашингтон имаат направено грешка, одоварајќи на повикот да се нападне и освои зградата на преставничкиот дом.

„Едноставно, тој ден (6 јануари 2021 година) , сите ние погрешивме“- вели Хамфил во разговор за британскиот Би-Би-Си.

Според неа, прифаќањето на помилувањето, претставува, пред се, навреда за полицајците на Капитил, задолжени за неговата безбедност, но  во исто време,  значи и повреда на владеењето на правото и конечно,  навреда на американската нација, на државата на која Американците припаѓаат.

„Јас ја признав својата вина на судењето, затоа што  бев виновна. А што се однесува до   прифаќањето на помилувањето, со тоа само дополнително ќе се придонесе за манипулацијата ( на оние кои го покренаа бранот насилство) и во секој случај- за лажната нарација“- има речено Хамфил која ја има издржано затворската казна.

Преправање на историјата

Таа тврди дека сите тие 1600 луѓе го имаат прекршено законот, а за тоа не може да има помилување, па затоа ја обвинува сегашната (трампова) администрација дека со овој гест само сака да ја преправа историјата- бришејќи ја вината на насилниците , за да се поништат изборните резултати, од ноември 2020 година.

Хамфил која медиумите ја нарекуваат „Бабичката на МАГА“ – движењето  на Доналд Трамп „ Да ја наравиме Америка, одново голема“- позната пред четири години како силен подржувач на претседателот кој тогаш ги загуби изборите.

Овој пат таа  смета дека носењето одлука за понилување на насилниците од Капитол, само неколку часови по стапувањето на претседателската должност, само покажува каков човек е Трамп- и инаетчија и осветољубив- само за да го истера до крај она во што се уште верува.

Особено што тврди дека осудените, испратени од него да прават изборен пуч, биле „страшно лошо третирани“, сместени во „ужасни затворски услови“,  како и дека тоа што насилниците биле апсени и судени, било нехумано.

Противење на двајца сенатори

Американските медиуми, меѓутоа, откриваат дека Памела Хамфил не е осамена во несогласувањето со експресното претседателско помилување, затоа што така мислат и двајца републикански сенатори.

Том Тилис од Северна Каролина оценува дека „никако не може да се сложи со аргументите на претседателот , затоа што тоа значи повреда на легитимитетот на безбедноста и чувањето на Капитол“. 

Џејмс Ланкфорд, од Оклахома, пак, инсистира дека републиканците мора да покажат дека партијата ( која сега има контрола врз двата дома на Конгресот) останува и натаму длабоко посветена на почитувањето на редот и законот.

Нападот на полицаец кој се грижи за безбедноста на Капитол , на Конгресот на САД, е сериозен престап и за тоа мора да се биде казнет“- рекол сенаторот Ланкфорд.

(С.Г.)

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе