Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Проруско Придњестровје без руски гас

Проруско Придњестровје без руски гас

Паника владее во проруската,  сепаратистичка енклава Придњестровје, откако оваа молдавска, сепаратистичка и отцепена  територија остана без струја и греење, по одлуката на Украина да не го обнови договорот за трансвер на руски гас преку украинската територија.

Енклавата која е позната и како Транснистрија, со години на ред, уште од времето на некогашниот СССР, се има снабдувано со руски гас, се до прекинот  на гасот преку гасоводите во соседна Украина.

Сепаратистите апелираат до Молдавија

Сега  лидерите во енклавата кои  не сакаат да бидат дел на Молдавија, бараат од молдавската влада во Кишењев да помага, тврдејќи дека имаат залихи од гас за струја и греење само уште за неколку денови. Уште обвинувајќи ги молдавските власти дека „намерно  одржуваат ваква ситуација“. 

Во главниот град на Молдавија, пак, сметаат дека таквите тврдења се без основа и дека апелите за помош треба да ги испраќаат во Кремљ.

Проблемот, според молдавската влада може да се надмине само ако „Газпром“ одново почне да ја снабдува Молдавија со гас ( по забраната од Москва), или доколку сепаратистите се согласат да плаќаат за гасот – по европските цени- набавен на пазарот од Европа.

„Барајте помош од Кремљ“

Од никого непризнатата Транснистрија ( формално дури и од Русија), се отцепи од матичната држава уште во годините на распадот на СССР ( кога и грузиската територија Абхазија), а тогашниот советски претседател Борис Елцин веднаш испрати во Придњестровје руска војска, која денеска е основата за постоечката руска база.

Самопрогласениот претседател на енклавата тврди дека многу од нејзините вкупно 350 илјади жители , заболуваат и умираат во пожари од користењето на примитивни начини за греење, како и од труењето од јаглен моноксид, во настојувањето да ги загреат своите живеалишта.

Притеснат од сегашната криза,  тој има изјавено дека се одлучил да прифати гас од европските снабдувачи по нивните повисоки цени, но се останало на таа негова изјава. Нема никаков конкретен чекор за да се надмина кризата во , инаку, студената зима во тој дел од Европа.

Русите провоцираат бунт

Секој ден во енклавата нема струја по пет часови- за да се штеди гасот кој забрзано се намалува, а во Кишењев и покрај гневот кој постои кон сепаратистите, уверуваат дека тие би сакале енклавата да не остане без гас.

Молдавскиот премиер тврди дека Кремљ ја одржува намерно ситуцијата , за дасе предизвика побуна на источниот брег од реката Дњестар, во отцепената енклава, за да се има изговор за масовна руска воена интервенција во Молдавија- според веќе видените сценарија во Грузија и Украина.

На тоа има реагирано и „Газпром“ со обвинувањето дека Молдавија треба прво да ги плати долгот од 700 милиони долари, за да добива гас. Во Кишењев , пак, дека станува збор за измислени бројки и даваат свое толкување за тоа кој кому должи и колку.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе