Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Хрватска : Граѓаните против скапотијата

Хрватска : Граѓаните против скапотијата

На два пати, во две недели една по друга, граѓаните на Хрватска реагираа на постојаното зголемување на цените и на скапотијата на еден начин , каков на балканските простори не е забележан- со бојкот на трговската мрежа.

Во петокот , во изминатата и во неделата пред тоа, продавниците за храна и оние за дневни потреби,супермаркетите, големите трговски синџири, како бензиските пумпи беа бојкотирани од потрошувачите.

Казнување на лакомите трговци

Останаа главно празни, освен со по некој заскитан купувач, за кого медиумите велат дека или бил гостин во Хрватска, или едноставно не знаел за целата операција- да се предупредат трговците да престанат со набивање на цените. Особено што акцијата – бојкот на трговците- започна да се води само преку Фејсбук.

Медиумите во Загреб и во другите градови кои од почетокот ја подржаа операцијата за „граѓанска непослушност“, водена од повикот – издржете еден ден и не влегувајте во ниту една продавница- јавуваат дека бојкотот успеал.

Дури и популарните странски трговски синџири, како „Лидл“ за кој се вели дека не е повеќе евтин, како и „Шпар“ , останале без купувачи. а големите паркинзи пред нив, обично полни со возила во деновите пред викендите, биле празни како во деновите на корона кризата.

Бојкотот го преполови прометот

Во акцијата, во петокот, минатата недела, се имаат вклучено и сите здруженија на потрошувачи, синдикатите, како и некои партии, но и хрватскиот министер за економија, кој згора ги има потикнувано граѓаните да истраат во бојкотот и  да им покажат на трговците дека прометот не може да се зголемува само со „ѕидање“ на цените.

Во првиот петок, бил збележан пад на прометот од нешто над 25 отсто, но во изминатиот петок, прометот бил намален за над 50 отсто.

Станува збор за официјален податок , што предизвика воодушевување во домашната јавност- прво затоа што бојкотот успеа и затоа што Хрватска, како што се вели,  за прв пат беше обединета. Без разлика на тоа кој за кого гласа и кого подржува на изборите, граѓаните се имаат обединето во борбата со скапотијата и со лакомоста на трговците и нивните игри со маржата.

Економски и пазарни експерти, сепак, оценуваат дека бојкотот на граѓаните, поради високите цени нема да има некое поголемо влијание врз соборувањето на инфлацијата,

Модел и за македонските состојби

Според нив, ваквите граѓански иницијативи се недоволни и дека за намалувањето на инфлацијата е потребно државата да обезбеди услови за тоа, а не само да го регулира пазарот со декрети. Најчесто со покренување акции за намалување на цените на група од производи чии ефекти најчесто се сосема мали и ограничени.

Примерот на Хрватска би можел да биде корисен и користен и во Северна Македонија, каде од парламентарните избори, се одржува дивеење на цените, посебно во супер маркетите и трговските синџири, каде цените постојано се зголемуваат и тоа на оние производи кои претходната влада ги држеше под контрола.

На тој начин. таа успеа ( до пред своето заминување од власта) да ја намали инфлацијата до ниво пониско од она на десетина земји од ЕУ, вклучувајќи ја и Хрватска.

Во македонскиот случај, меѓутоа, впечаток  е дека ваков бојкот делува како „невозможна мисија“, затоа што има премногу набрзинна збогатени , на кои цените ништо не им значат и тоа дури го прикажуваат како некаков симбол на нивниот (висок) стандард и показател на нивиот успех.

Владата не прави ништо

На другата страна, се оние со кои лесно се манипулира од партијата која сега е на власт. Таа  се фалеше и ветуваше дека од првиот ден ( на власт) ќе работат за народот. Брзо го заборавија и ветувањето и народот, па сега дури  не се трудат ниту со разни декрети да го смират цените.

Овој дел од јавноста, не сакајќи да ја признае заблудата и грешката на изборите , дури и работите со дивеењето на цените продолжува да ги префрла на партиско- политички терен. Кај оваа група од јавноста се уште е на сила детското објаснување – дека и претходните не беа подобри.

Овдешниот министер за економија го нема. Нему му е најважно да остане сегашната владеачка коалиција , а тој да ја заджи својата функција. Особено кога за премиер има човек кој ниту знае како, а ниту може да  се фати во костец со било кој проблем и брзо да го разреши.

(С.Г.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе