Саботажа во Британски музеј
Познатиот лондонски Британски музеј беше затворен еден ден, откако еден од вработените, револтиран што добил отказ на работното место, скришно влегол во зградата на музејот и го исклучил компјутерскиот систем.
Управата на музејот соопшти дека интензивно работи за да се поправи системот и за да оваа културна институција во главниот град на Британија, која годишно ја посетуваат по околу шест милиони посетители, се оспособи за нормална работа.
Музејот е само делумно одново отворен , додека сите привремени изложби се уште не може да се разгледуваат. Полицијата во меѓувреме објави дека човекот што ја има извршено саботажата бил откриен и уапсен.
Станува збор за човек на возраст од педесетина години. Обвинет е за илегално провалување во музејот и за нанесување материјална штета.
Полицајците интервенирале кога од музејот им јавиле дека „некој уападнал во текотна ноќта и ги оштетил компјутерскиот и целиот ИТ систем“.
Не е прв пат музејот да се соочува со инциденти, најчесто со грабежи. Во 2023 година управата нема реагирано на време, па сега се уште настојува да најде над 1800 предмети, украдени од еден поранешен кустос, што осомничениот ги има продавано преку интернет.
Тој 30 години има работено во одделението за античка Грција и Рим , па од таму повремено има извлекувано вредни предмети од античко време. Од музејот го отпуштиле дури пред две години, а управата, преку суд, ги бара крадените предмети. Осомничениот, меѓутоа, тврди дека не е виновен.
Британски музеј постои 266 години. Во него се сместени и се чуваат предмети од разни страни во светот. Мусејот е изложен на притисок да врати некои од нив, на земјите од каде пред 150, или 200 години се донесени во Лондон.