Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Премиерот на Србија поднесе оставка

Премиерот на Србија поднесе оставка

Премиерот на Србија Милош Вучевиќ поднесе оставка која доаѓа неполни 24 часови по големата и масовна еднодневна  блокада што ја организираа белградските студенти.

Од вчера (понеделник) утрината, до вторникот во исто  време, иладници студенти , подржани од војводинските земјоделци кои додоа со земјоделска механизација, како и од десетици илјади белграѓани , беше целосно блокирана најголемата белградска раскрсница „Автокоманда“.

Максимален притисок врз Вучиќ

На тој начин демонстрантите максимално го  зголемија  пристисокот врз арогантната и авторитарна власт, предводена од претседателот Александар Вучиќ, која студентите ја обвинуваат за корупција и за масовна злоупотреба на правото, правната држава и на еднаквоста на луѓето во длабоко поделеното српско општество.

Бран од масовни протести ја има зафатено Србија со месеци, но тие ескалираа после несреќата на обновената железничка станица во Нови Сад ,  каде на 1 ноември, од уривањето на настрешницата загинаа 15 лица, а две и натаму се во животна опасност.

Гневот  на студентите и на млаката и неединствена српска опозиција, се зголеми откако несреќата откри голем јавашлук, но и криминал, затоа што реконструкцијата на станицата е изведена без тендер (велат како и се досега изградено во земјата), со стотина разни подизведувачи, за што сите земале големи пари.

Корупција, јавашлук и ароганција

Така и се има случено ,обновата на иа во основа новата станица во Нови Сад има достигнато, непотребно  милионски износи кои се разделени меѓу фирми и нивните сопственици, блиски до власта.

Освен корупција, случајот откри дека дури и за една ваква несреќа, никој нема да одговара, затоа што излегува дека никој не е виновен.

Прво беше принуден да поднесе оставка министерот за градежништво, па откако се засилија протестите и бранувањата во јавноста, тој беше и притворен.

Но кога се очекуваше обвинување, се огласи претседателот Вучиќ кој рече дека -министерот Весиќ е негов дамнешен пријател, а дека тој не ги напушта пријателите кога им е најтешко.

Претседателот сега нуди дијалог

Веднаш потоа шефот на државата изјави дека – судијата пребрзо донел одлука за апсење- па уапсениот екс министер беше ослободен, а за трагичниот случај во Нови Сад излегува дека никој не е виновен.

Оставката на премиерот Вучевиќ уследи по успешната блокада во Белград , од кога и претседателот Вучиќ почна да го менува и тонот во своите секојдневни обраќања , што главно беше груб, арогантен и заканувачки, за да конечно прифати да се отвори дијалог со демонстрантите.

По оставката на премиерот, сега се очекува и темелна реконструкција на владата, по која се очекува низа познати имиња да ги нема во новиот владин состав. Во Белград, меѓутоа, со резерва се очекува натамошната ситуација со кризата во Србија.

Скептицизам во јавноста

Малку се верува дека брзо ќе се среди состојбата во судството кое е целосно под контрола на владеачката СНС партија, која ја контролира  државата, владеејќи со сите пори во општеството,превејќи од Србија еднопартиска држава.

Скептицизмот е голем после 12 години (аворитарното) владеење на оваа партија и на претседателот Вучиќ. Затоа, не се верува во брза правна разврска и  на случаите со нападите , врз студентите, како во Белград , така и во Нови Сад. 

Без разлиика што премиерот, соопштувајќи за оставката, ( за прв пат) призна дека активисти на СНС  биле тие кои брутално ги имаат напаѓано студентите додека  секој ден им одаваат почит на загинатите во новосадската несреќа.

(Д.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе