Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Ричард Гренел против белградските студенти

Ричард Гренел против белградските студенти

Ричард Гренел, специјален пратеник на Доналд Трамп за специјални мисии, се огласи со реакција за масовните студентски протести во Белград и низ Србија, неодобрувајќи го- како што има речено – „насилното навлегување во државните институции во земјата“.

Барања за  поинаква Србија

„Важно е да може да се подигне гласот , за да ве слушнат, но сите мора да го осудат насилството, па затоа протестите мора да останат мирни.  Треба да се почитуваат демократските процеси, но ние ( трамповата администрација) не ги подржуваме оние кои на сила ги освојуваат зградите на државните институции. Ако не ви се допаѓа некој закон, или лидер, сменети ги, но не правете го тоа на насилен начин„- има речено Гренел за протестите во Белград.

Ова е ( колку што се знае), прва реакција на новата американска администрација, за сегашната криза во Србија, која трае веќе три месеци.

Со   масовни демонстрации на студентите и на граѓаните,   против актуелната власт на претседателот Александар Вучиќ,  и на неговата семоќна СНС партија, која 13 години владее со државата.

Во протестите се бараат темелни промени- со елиминација на корупцијата и со претворање на Србија во правна, демократска, вистински европска држава.

Одликување за Американецот

Гренел е поранешен висок функционер на американските тајни служби, а потоа, едно време, и амбасадор на САД во Германија. Во време на првиот мандат на Трамп, претеседателот го постави за негов , претседателски пратеник за преговорите меѓу Србија и Косово, иако Стејт департментот имаше именувано свој пратеник кој често беше во регионот.

Но, се покажа дека повеќе се занимавал со бизнис- посредништво, прикажувајќи се во српската јавност како мошне близок на власта и на српскиот претседател кој го одликува за „развојот и за унапредувањето на српско-американските односи“.

Орденот му беше врачен откако јавноста разбра дека Гренел бил посредник во „зделката на столетието“ со изградба на голем хотелск0-бизнис комплекс во центарот на Белград, на локацијата на зградата на некогашниот Генерал-штаб на поранешната ЈНА.

Поврзување на  зетот на Трамп со власта

Зградата, која е тешко оштетена во бомбардирањето на Белград, пред падот на режимот на Милошевиќ,  е под заштита на државата и не смее да се урива, а специјалниот пратеник, всушност, бил врска меѓу власта во Србија и  Кушнер, зетот на Трамп кој би требало да ја предводи реализацијата на проектот за компанијата на тастот.

Сето тоа изведено зад грбот на јавноста- со мешање на политиката и бизнисот, уште и дадена на трамповци ( со долгорочно изнајмување и практично без пари), предизвика тогаш гнев во домашната јавност и барања за раскин на договорот.

Ништо, меѓутоа, не се случи и како сега стојат работите- доколку Вучиќ остане да владее со земјата како досега-компанијата на претседателот на САД, преку зетот, а сега и неговите синови, најавува дека проектот, за кој веќе има детални планови, останува само да чека реализација.

„Човек на режимот“

Ричард Гренел , од Балканот, сега е префрлен на друг терен- како  специјлен пратеник за земји какви што се Северна Кореја, или Венецуела, но гневот за него во српската јавност- како „човек на режимот“- одново излезе на површина по критиката на студентите , користејќи ги притоа зборовите на луѓето од власта.

Аналитичари, но и граѓани на социјалните мрежи го нарекуваат лицемер, откако Трамп ги помилува сите 1600 насилници, расисти, ултра десничари и припадници на движењето за “Бела  Америка“, кои упаднаа (потикнати од стар0/новиот) претседател на САД, во зградата на Конгресот (американскиот Парламент).

Tаму, толпата насилници требаше физички да се пресмета со политичките противници на Трамп и  да не дозволи да се испочитува  изборната волја на Американците, на изборите во 2020 година.

Страдаат само студентите

Во тоа дивеење на наводните „чувари на Уставот “ на Америка, како ги означува актуелниот претседател, загинаа шест лица, меѓу кои и еден полицаец, задолжен за безбедноста на конгресната зграда.

Ништо од тоа се нема случено во Белград,за време на студентските протести.

Во упадот на студентите во зградата на Правниот факултет никој нема настрадано.Во трмесечните протести страдаат- тепани и намерно прегазени со автомобили- само  студентите- како во Белград, така и во Нови Сад- и никој досега не одговарал за тоа.

Се знае само дека станува збор за партиски тепачи на владеачката СНС. Прв пат, тоа и го призна на јавноста досегашниот премиер, при давањето оставка.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе