Британците сметаат дека Брегзит е грешка
На петгодишнината од заминувањето на Британија од ЕУ, големо мнозинство Британци смета дека Брегзит била грешка.
Сега 30 отсто од анкетираните и натаму смета дека станува збор за „добро решение“ што е најмалку досега, додека над 60 отсто верува дека е направена “голема грешка“. Токму самоволното напуштање на Унијата се посочува како причина за долгата економска и развојна стагнација на земјата.
Стратешка катастрофа
Така мислат и луѓе од британскиот бизнис кои оценуваат дека Британија има направено огромна грешка и „вистинска стратешка катастрофа“ со одлуката да се напушти ЕУ и земјата- после 43 отсто во ЕЕЗ и ЕУ- за да остане сама и надвор од елитното европско друштво, во кое нејзиниот глас се слушаше и почитуваше.
Угледниот бизнисмен лорд Шугар, оценува дека таа грешка, да се напушти Унијата, го има предизвикано британското назадување и каскањето зад Европа.
Според него, британскиот премиер треба да почне процес за (повторно) поврзување на Британија со Европа и -како што се има изразено во едно ТВ интервју- „да коленичи и да моли за да се врати назад во ЕУ“.
Во 2016 година брше организиран референдум за Европа, за што тогашниот премиер, конзервативецот Дејвид Камерон, избразно се согласи , верувајќи во британската европска определеност.
Ториевците ја внесоа Британија во ЕЕЗ
За оние кои не знаат, ториевците предводени од Харолд Макмилан уште во 1963 година го почнаа процесот ( десет години блокирани од Франција на Шарл де Гол), а еден друг конзервативец- Едвард Хит , во 1973 година, ја внесе Британија во тогашната ЕЕЗ.
Камерон, заедно со другите тројца поранешни премиери (Мејџор, Блер и Браун) агитираа за останувањето во Унијата.
Но, Борис Џонсон и маргиналниот политичар, англиски националист и ултра-десничар Најџел Фараж, како и левичарскиот тогашен лидер на лабуристите, Џереми Корбин, користејќи дезинформации и лажни податоци, успеаја да ги убедат Англичаните, пред се, да гласаат за Брегзит.
Шкотланѓаните и Ирците во Обединетото кралство, во големо мнозинство беа против заминувањето од Унијата.
Брегзит, корона, војна
Се развлече потоа постапката околу конечното извлекување од ЕУ , што заврши со договор за Брегзит, во 2020 година, непосредно пред распламсувањето на корона пандемијата.
Короната скапо ја чинеше Британија ( 250 илјади починати) поради задоцнетото решение за вакцинација и заштитните мерки, но и наштети и на домашната економија, откако Џонсон (како премиер ) повеќе му веруваше на антиваксерот Доналд Трамп, отколку на своите епидемиолози.
За разлика од Британците, Европејците полесно ги санираа последиците од короната и кризата што се создаде ( иако не сите подеднакво), на што се надоврза потоа и руската инвазија врз Украина- покренувајќи прва, вистинска војна на европско тло по завршувањето на Втората светска војна.
Експертска проценка е дека Брегзит предизвика застој во производството и трговијата, во ндустријата и услужните дејности кои останаа без потребниот кадар, што е највидливо во танспортот, во здравството и во аграрот (заминаа Европејците).
„ЕУ како единствена опција“
Во меѓувреме, ниту се зголеми вработеноста, ниту се засили индустријата , но затоа се зголеми имиграцијата- со која оние кои го покренаа Брегзит, најмногу го плашеа народот.
Лорд Шугар, затоа, инсистира дека Британија , во сегашната состојба во Европа и светот, уште и изолирана политички, нема друга опција за себе освен да се врати назад во Унијата.
Според него, не е срамно да се признае направената грешка. наместо да се одржува стагнацијата.
Премиерот , лабурист, Кир Стармер ги има обновено односите со ЕУ и со Брисел, но тој (засега) продолжува со определбата дека и покрај приближувањето кон Унијата, Лондон не планира враќање во европската царинска унија и во заедничкиот пазар на ЕУ.
(Д.Л.)