Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

„Не сум во врска со Обама“

„Не сум во врска со Обама“

Холивудската актерка Џенифер Анистон, одново ги демантираше пишувањата на американските таблоиди и на интернет порталите дека таа е во „љубовна врска“ со пораншниот американски претседаел Барак Обама.

„Ништо од тоа не е точно, Станува збор за измислени работи и за типични „fake news“. Не сум и никогаш не сум била во врска со екс претседателот на САД“- има изјавено Анистон.

Според нејзиното објаснување, таа само еднаш, на еден прием се има сретнато со Обама и дека поблиска е со неговата сопруга Мишел, поранешната прва дама на Америка.

Приказните за наводната врска на популарната актерка и поранешмопт шеф на државата почнаа да се шират во американската јавност , откако  се разбра за кризата во бракот на Мишел и Барак.

Тогаш се почна со озборувањата за тоа што е причината, како и да се бара „виновничката“, односно жена поради која настанала кризата.

Повикувајќи се на извори блиски до семејството Обама, сопружниците не живеат заедно.

Мишел Обама на два пати го покажа тоа, не појавувајќи се, со сопругот, на два настанаи на кои се собраа сите претседатели на САД со сопругите- погребот на поранешниот претседател Џими Картер и инаугурацијата на Доналд Трамп. И во двата случаи, Обама се појави сам.

Истите овие извори тврдат дека во меѓувреме , сопружниците настојуваат да ги средат односите и да ги надминат појавените разлики.

Нема објаснување за тоа што ја предизвикало кризата во, како што се веруваше, складната брачна врска на Барак и Мишел Обама.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе