Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Држава на Бектешите во Тирана

Држава на Бектешите во Тирана

Во Албанија треба да се создаде суверена, муслиманска држава која ќе постои во рамките на главниот град Тирана- за да му служи на верскиот ред Бектеши.

Државата ќе биде една од најмалите во светот, создадена по углед на Ватикан- суверена држава сместена на територијата на Рим. Според албанскиот премиер Еди Рама новата држава се создава за да се промовира верската толеранција.

Агенцијата Ројтерс пишува дека оваа држава треба да има сопствена државна администрација, но нема да собира данок, ниту ќе има своја полиција и војска. Во секој случај државата на Бектешите нема да го доведува  во прашање суверенитетот на државата Албанија.

Духовна држава

„Историјата на Бектешите е сама по себе исклучителна, па затоа и на седиштето на Светскиот центар на Бектешите (кој се наоѓа во Тирана) треба да му се даде посебен статус, сличен на оној што го има со векови Ватикан“- има речено Рама на промоцијата на планот за создавање посебна држава- енклава на овој исламски, суфиски поредок.

Промоцијата е направена по повод 95 годишнината од преселувањето на светата столица на бектешкиот ред од Турција во Албанија.

Во секој случај станува збор за една симболична држава, која нема да биде оградена со ѕидови и опремена со атрибутите на државноста- како што е власта- туку само со атрибутите на една духовна држава.

Забрана од Ататурк

Албанскиот Парламент, сепак, допрва треба да расправа за ова и да одобри создавање држава на религиозниот ред Бектеши на албанска територија.

Овој ред е создаден во Отоманската Империја, во 13 век.

Од 1929 година седиштето на Бектешите е префрлено од Турција во Албанија, откако создавачот на модерната турска држава Кемал Ататурк им забранил да ја практикуваат својата религиозна посебност.

Со планот, новата мини држава  треба да биде лоцирана во источниот дел пд Тирана, каде е смесено и седиштето на светскиот центар на Бектешите.

Припадници на овој ред има во Албанија, но и во Косово и во Северна Македонија.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе