САД : Помилување за корумпираниот гувернер
Доналд Трамп продолжува во првите три недели од мандатот, да владее со САД во путиновски стил. Со декрети кои тетрално ги потпишува пред тв камерите и заканувајќи се на сите страни- со царини и повисоки тарифи, со освојување и окупации на туѓи земји и со купување на територии кои биле интересни за него и за Америка.
Во тој пакет мерки кои (очигледно) ги носи со задоволство и со доза на триумфализам, се најдоа и помилувањата на цела низа осуденици. Пред се. оние 1600 насилници, ултрадесничари и расисти кои тој ( на крајот од претходниот мандат) ги прогласи за „заштитници на Уставот“ и ги натера да го запоседнат Конгресот на САД.
Трамп се одмаздува
Наводно, за да се спречел „грабежот “ на неговата изборна победа во 202о година, а всушност за да се покрие уверливиот пораз од Џо Бајден со лажните и измислени обвинувања за „изборен фалсификат“.
Угледни републикански сенатори, некои од нив лојални на Трамп, го осудија тој потег како спротиван на правото и на правната држава, инсистирајќи дека тоа и штети на угледот на Америка во светот.
Тоа, меѓутоа, се покажа неважно за новиот претседател кој (овој пат) е решен да им се одмаздува на сите кои (наводно) се огрешиле кон него, неподржувајќи го во бројните процеси, кога станува збор за обидот да прави и пуч за да се поништат изборните резултати, за одбегнувањето да плаќа данок, или за политичката корупција.
Случајот на Род Благоевич
Најнов таков пример за терање инает на демократска Америка и за одмаздување ( дури и на милијардери какви се Безос и на Цукерберг, кого го натера да му плати „дебело“ затоа што бил тргнат од Фејсбук кога ширеше лажни вести за божемнната изборна измама) с случајот со помилувањето на еден корумпиран, поранешен гувернер.
Станува збор за Род Благоевич, поранешен гувернер на сојузната држава Илиноис, инаку од демократската партија на САД, кој беше суден и осуден за корупција.
Во 2009 година, Благоевич прво беше сменет од функцијата, откако беше обвинет дека се обидел да продаде, или да размени ( за пари) место во Сенатот што дотогаш го имаше Барак Обама, што се ослободи бидејќи победи на претседателските избори во 2008 година.
Продажба место во Сенатот
Во 2011 година тој беше изведен на судење и осуден на 14 години затвор за политичка корупција , отслужувајќи осум години, се до февруари 2020 година. Во првиот мандат, Трамп му ја намали казната, а сега и го помилува, тврдејќи дека правосудните власти и министерството за правда – „извршиле голема неправда“ осудувајќи го Благоевич.
Со сегашното помилување, некогашниот демократски гувернер целосно ќе биде ослободен од правните последици кои произлегуваат од судската прасуда. Но, Врховниот суд, во време на судењето и осудувањето, веќе му ја има одземено адвокатската лиценца.
Во 2009 година беше сменет од страна на Сенатот на сојузната држава и на тој начин му беше забрането да извршува јавни функции, а во минатата година федерален судија ја има отфрлено тужбата на Благоевич со која тврди дека – забраната му ги има одземено неговите уставни права гласачки права.
Затвореник па амбасадор ?
Сето тоа ја компликува ситуацијата околу неговата целосна рехабилитација и враќањето во , што се актуелизира откако овој Американец со српско потекло неодамна ја посети Србија.
Таму се сретна со српскиот претседател, а локалните (режимски ) медиуми почнаа да шират верзија дека Трамп, овој поранешен затвореник ќе го постави за американски амбасадор во Србија, наместо Кристофер Хил.
Во кризата во која се наоѓа земјата и во длабоката поделеност во српската политичка и општествена јавност Род Благоевич стана вест и во Србија.
Прво за тоа дека „криминалната српска власт“ се дружи и прави пријателства со „поранешни затвореници“, до тоа дека не заслужува да се брани дека бил „жртва“ во Америка.
Политичка корупција
Српската опозиција открива дека токму овој американски политичар бил еден од најгласните подржувачи за бомбардирање на Србија, во 1999 година, за соборување на режимот на Милошевиќ, па дури и заговарал да се окупира земјата од западните сили.
Во САД,пак, постои мислење дека Благоевич има заработено помилување од Трамп, затоа што случајот со екс гувернерот е сличен со оној на Трамп.
И тој беше суден и осуден од судот во Њујорк со едногласна одлука на поротата- за политичка корупција (случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс)- потплатена лажно да сведочи за да не и наштети на претседателската кампања на Трамп во 2016 година. Остана само да се изрече пресудата, но Американците го избраа за претседател.
![](https://skopje.global/wp-content/uploads/2018/05/logo-nav-6.png)