„Испрашување како во комунистичка полиција“
Поранешниот претседаел на Полска Лех Валенса и предводник на силниот отпор на Полјаците против комунистичкиот режим , заедно со уште 36 други дисиденти и политички затвореници од тоа време, остро го осудија испрашувањето на кое беше изложен Володимир Зеленски во Кабинетот на Доналд Трамп , од страна на претседателот на САД и неговиот заменик Ванс.
Во заедничката изјава, овие луѓе жртви на насилничката комунистича власт во годините пред падот на комунизмот- во Полска и во тогашна советска Источна Европа-велат дека се шокирани како Трамп се однесуваше кон претседателот на Украина, порачувајќи им на двајцата дека „со пролеаната крв на Украинците- не се тргува“.
Шокирани од односот на Трамп
„Шокирани сме од она што го го гледавме и од атмосферата во Овалната соба која наликуваше на атмосферата во текот на сослушувањата во полските судови и во полицијата во минатото комунистичко време. Обвинителите и судиите по налог на семоќната тајна полција ни зборуваа дека сите карти се во нивните раце, а дека ние немаме ништо“- се вели во отвореното писмо на Валенса и на поранешните дисиденти.
Покрај Валенса , добитник и на Нобеловата награда за мир ,како потписници на писмото се јавуваат и познатите дисиденти Адам Михњик, Богдан Борусевич и Владислав Фрасњук.
Тие забележуваат дека и поранешните полски комунистички власти, барале од нив да ја прекинат својата (политичка) активност , со образложенијата кои му ги даваше Трамп на Зеленски- дека „поради нив страдаат невини луѓе“.
Нема пазарење со човечки животи
Тие го потсетуваат Трамп дека секогаш кога Америка се обидувала да се дистанцира од Европа и од нејзините демократски вредности, тоа им се враќало како бумеранг, па пред крајиот влегоа во Првата светска војна и во Втората после две години војување во Европа.
Претседателот Роналд Реган веднзш по стапувањето на должност ( во тоа е наговата величина), без размисување го нараче Советскиот Сојуз -империја на злото- на која и објави војна и победи-во неа, со уништување на комунистичкиот систем.
Очигледно мислејќи на ненадејната љубов на транпова Америка со путинова Русија со која – зад приказната за САД на прво место и за некаков мир, по секоја цена, а за сметка на Украина и нејзиното право на избор за сопствената иднина, авторите на отвореното писмо порачуваат дека -не може да се прави пазар со човечките животи и со жртвите во борбата за слобода не се мерат со пари.
Гарантирана безбедност
Валенса и полските дисиденти и политиччки затвореници го повикуваат Доналд Трамп , конечсно, САД да ја исполнат својата обврска од Меморандумот од деведесетите години на 20 век , од Будимпешта.
Со него и Америка, заедно со Русија, им ја гарантираа безбедноста на Украинците и целовитоста на територијата , во замена за прадавањето на целиот свој нуклеарен потенцијал.
За тие грнции се вели дека не се условени со некаква трговска размена- со пари, оружје или руди и минерали.
