Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

Политизирање на трагедијата во Кочани

Политизирање на трагедијата во Кочани

Само неколку часови после трагедијата во Кочани и во безмалку првата реакција на она што се случи во ноќта меѓу саботата и неделата во диско- клубот „Пулс“,  министерот за внатрешни работи и  порача на јавноста „брза разврска“ и апсење на виновниците.

Во тој момент и ништо што друго не можеше да рече и да и вети на гневната јавност, за најголемата катастрофа од пожар цо државата, во која (засега) 59 лица загинаа (млади луѓе на возраст од 14 до 24 години), а над стотина други полесно и потешко ранети. Набргу потоа, овој министер, човек од најголема доверба  на премиерот, ја засили реториката, па почна и да апси.

Човекот од доверба

Не затоа дека тоа не се прави во нормални, правни држави, каде првиот полицаец, сепак,  не се занимава со политика и со политикански  изјави .Особено, пред да се знаат првите истражни работи и по вниматечната изјава на државниот обвинител дека забрзано се прибираат доказите, за да се утврди поединечната одговорност на секој поединец, врзан за катастрофалниот пожар.

Не чекајќи го тоа, министерот ја отвори темата за корупцијата и за подмитувањето во општеството, како едвај  да чекаше момент да се отвори пресметка со ова зло кое, инаку, е длабоко и одамна навлезено во вмровската партија. Откри дека „над 20 лица, врзани за кочанската трагедија,  се осомничени за повраност со корупцијата“ , дека осомничените 15 се во полициски притвор, додека другите , како ранети, се на болничко лекување. Сите врз оснва на постоење  докази.

Станува збор за организаторот журката, но и за  наколку поранешни функционери- екс државен секретар во министерството за економија, екс директор на дирекцијата за заштита, како и за спасување , а  тоа веднаш остава сомнеж дека една страшна и тажна трагедија власта сака да  ја користи за пресметка со оние од претходнста власт- покривјќи се со тагата и шокот на јавноста во Северна Македонија.

Без дозвола со знаење на власта

 Не дека тогаш немало мито и поткуп, но ако актуелната „народна„ власт која ветуваше грижа само за народот, се поставува прашање – што правела власта во изминатите девет месеци на  веќе видливото нахално, режимско однесување, ако имале докази дека имало корупција во случајот со дозволите за работа со дискотеката во Кочани.

Што правеле новите на функциите на бившите. Ако ништо друго можеле да ги ускратат дозволите за кои и актуелниот министер на полицијата признава дека една година клубот “Пулс“ немал дозвола за работа. Дали таквите сознанија се чувале за политичко пазарање, или дури и за политичко-париско уценување, па сега брзо се извадија од фиока и му се продаваат на народот- за да се види колку вмровската власт е енергична и брзо ги средува работите

Убаво би било да беше така- тогаш немаше да се случи кочанската трагедија. Зашто тогаш  сите други власти на локално ниво – кои инаку веќе 3,5 години управуваат со Кочани ќе реагираа во рамките на својата надлежност .

Што има направено МВР

Познавајќе ги македонските состојби – со корупцијата и со непотизмот и популизмот- кога гласањето  на избори се разбира како „купување„  вработување, тендер, зделка- треба да се претпостави дека минувле многу нелегални работи. Така си течела и состојбата со она што се нарекува ноќен клуб во Кочани.

Според тоа, прашањето е и за министерот- за тоа каде било МВР во изминатите месеци. заедно со инспекциските служби за да ги проверат состојбите за кои (велат) знаеле што се случува  со клубот за ноќна забава. Не случајно полицијата, таа нок има испратено и спедијалец за дрога, кој излезе дека е меѓу загинатите.

Сега велат- дека бил пречесто на разни наградни патувања ( и со премиерот), таму каде нема потреба за неговото присуство и со полнење на МВР со негови, вмровски кадри, онака како што бара „газдата„ избеган и сместен во Будимпешта.

Затоа што ова е време за да се спроведе чистката која се најавува неколку месеци, бидејќи тоа е техниката на оваа партија- за целосна партизација на државната администрација, која првиот полицаец (инаку адвокат по професија) ја започна уште како технички министер на МВР- кога веднаш си донесе 16 советници.

За да нема сомнение дека министерот се залетал- па сега суди и апси на своја рака-„корумпирани и неодговорни“ се огласи  и северномакедонскиот премиер со истите формулации дека – притворените биле корумпирани и дека само затоа се случи она што се случи. Но дека тој и неговата власт ќе се пресметале со нив.

Одговорноста на власта

Всушнот, тој уште еднаш го копира однесувањето на А.Вучиќ во Белград за што се има пофалено дека ќе биде и подобар од актуелниот српски вожд. Имено, и тој после поламилионските анти-режимски протести во Белград, се огласи со тоа дека ќе почне процес на „ресетирање“ на системот- откако изкористи „звучен топ“ против соствениот народ , додека лугето им одаваа почит на загинатите во Нови Сад.

И српскиот режим ( како и овој во РСМ) се пресметува само со бившите и со оние кои ги смета за политички противници на српската сцена- сега излегува и против сите кои беа на најмасовниот протест во српската историја.

Во македонскиот случај, пак, излегува дека само бившите- на разни нивоа се корумпирани и земале поткуп-па ќе се прават политикански игри за залажување на наивните и на оние  кои се прават такви.

А, познато е дека одговорноста за се – па и за вакви несреќи- тргнува од власта, од тоа зашто некои состојби биле нереулирани или немало контрола за тоа дали и како се спроведува законот. Неодговорноста е присутна, кога на градоначалникот му требзло цел ден за да се огласи за трагедијата, наместо да биде прв со народот во болката за загубените животи.

Оставки врз морална основа

Така и се погласно реагираат и кочанчани, роднините на жртвите барајќи одговорност од власта, од министерот за внатрешни работи, па и од премиерот за кого секој може да е виновен, но не и тој.

Во секоја земја, па и во нашето опкржување (Грција и тамошната железничка катастрофа) министерот за сообраќај веднаш поднесе оставка- врз морална основа- па и покрај тоа пред две недели Солун и Атина беа блокирани од протестите поради бавната разврска на случајот,

Не може, затоа, владата да помине само со апсење на бившите и тие јавно да се дисквалификуваат како „корумпирани“ а старо-новата власт да се фали со успешно завршена  (анти-корупциска) работа и покрај толку многу жртви- за што пред се- таа треба да сноси одговорност. И некој да поднесе одгорност- ако даде оставка, да биде сменет.

Вака одново се зборува само  за вината на бившите- која патем треба да се потврди и да се докаже- само за да се заработат гласови за вмровците за следните локални избори . Со нив така било и порано, така е и сега.

(Спектатор) 

 

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе