Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Белград : Барање истрага за посетата на ранетите од Кочани

Белград : Барање истрага за посетата на ранетите од Кочани

Движењето на студентите од Белград и Србија, кое веќе пет месеци протестира против режимот на претседателот Александар Вучиќ, барајќи земјата да се трансформира во вистински европска и демократска држава, преку исполнување на четирите основни барања, за да се тргнат од улиците и да прекинат со блокадите, се огласија со уште едно ново барање.

Во шестатат по ред објава-барање. студентите бараат покренување  постапка за одговорност и за утврдување вина за „големиот пропуст“ и за „загрозувањето на здравјето и животот“ на тешко ранетите од Северна Македонија, по катастрофалниот пожар во еден диско-клуб во Кочани,  кои се на лекување во Белград.

Пропагандна визита

Станува збор за посетата на ранетите кочанчани од страна на српскиот претседател, кој придружен од тамошниот  министер за здравство и од група прорежимски и новинари и камермани- сите втурнати околу болничките кревети на тешко ранетите пациенти , за да прикажат колку многу претседателот на Србија  е загрижен за здравјето на тешко повредените.

Посетата беше изведена во одделението за интензивна нега, каде според медицинските и здравствените прописи кои важат во целиот свет таму не смее никој од надвор да  влегува. Тоа се тешко повредени пациенти, со изгореници по телеото и рани кои никако не би смеело да се инфицираат. Посебно не без заштитна облека и без заштитни маски.

Белградските медиуми уште веднаш посетата ја окарактеризираа како крајно  неодгорна, но над се како пропагандна и политичка, изведена со нарушување на здравствените прописи, за да пред српската и македонската јавност се прикаже „доброто лице“ на  претседателот на Србија, дури и кон странски пациенти, во време кога на домашната сцена тој се прикажува како деспот кој целосно ја има заробено државата.

Шесто барање на студентите

Фотографиите од настанот покажуваат дека на некои од нив Вучиќ носи маска, кога се обидува со некои од тешко ранетите да има некаков контакт, но на други се гледа како е без неа, кога до креветите на ранетите им дава изјава на насобраните новинари.

„Нашето шесто барање е до сите одговорни во Универзитетскиот клинички центар на Србија (УКСЦ)- до директорката на Центарот, до директорот на ургентниот центар и до началникот на одделението за интензивна нега“- има изјавено студентката на медицинскиот факултет Јана Недељковиќ во името на движењето Студентите во блокада.

Според неа, со една ваква посета- „дошло до загрозување на пациентите од Северна Македонија, затоа што- „во единицата за интензивна нега имало лица кои не биле соодветно опремени за да може таму да престојуваат„.

Веднаш по инцидентот во билницата, белградските медиуми открија за еден таков инцидент кој се случл и во Лондон, кога тогашниот британски премиер Дејвид Камерон дошол во посета на ранети пациентти, сместени во одделението за интензивна нега.

Копирање на Вучиќ

Кога шефот на одделот и дежурниот лекар виделе дека никој од дојдените политичари ( и новинарската придружба) не е облечен како што треба- им наредил на премиерот и на неговата придружба да си заминат од одделот- велејќи дека таму само  тој е одговорен и дека  само тој и лекарите може да престојуваат во тоа оддделение. Британскиот премиер, велат,  го прифатил прекорот и молчешкум заминал од болницата.

На  Западен Балкан, меѓутоа, важат други правила, па во регионот политичарите можат и да не ги почитуваат прописите , а тоа значи и законите, па од ( во случајов политичко/ пропагандни причии ) може да се однесуваат како сакаат, непочитувајќи никакви правила и прописи.

Колку за потсетување- само еден ден по инцидентот на Вучиќ во белградскиот УКСЦ, со пацинетите од Кочани, на сосема идентичен начин  реагираше и северномакедонскиот премиер кој ја копираше погрешната, немедицинска, нехумана и опасна по здравјето на повредените во пожарот пациенти, постапка, воопшто не грижејќи се за бурните критични реагирања на македонската јавност.

Без виновници за Кочани

Што бара премиерот во одделот за интензивна нега, во болница во Скопје освен за собирање  политичко пропагандни поени, како и за покривање и за прикривање на вината на вмровско/бранковистичката власт, за најголемата трагедија која се има случено во државата , која веќе зеде 61 жртви.

Излегува дека никој не е виновен за загубените животи, иако е јасно дека тоа е цената за корупцијата  во сегашната  власт и за неспособноста на оваа вмровска гарнитура со која управува еден осуден бегалец кој „соли памет“, јавувајќи се со писанија од Будимпешта, правејќи ги смешни наивните и купените гласачи од светот на бизнисот и од интелектуалната сфера кои молчешкум гледаат како забрзано назадува Северна Македонија.

Државата му е препуштена на човек кој знае само да го копира српскиот деспот и да гради нов вмровски режим- фалејќи се дека во контрирањето и терањето инает на ЕУ и на Брисел, ќе го надмине и својот српски идол.

(С.Г.)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе