„Вучиќ нема амбиција за влез во ЕУ„
Известувачот за Србија во Европскииот Парламент , хрватскиот дипломат и европратеник Тонино Пицула изјави дека -„Србија е е највлијателната меѓу земјите кандидати за влез во ЕУ, но дека сегашното српско водство седи на четири столчиња“.
„Моето искрено мислење е дека претседателот Александар Вучиќ нема амбиција за приближување на земјата кон ЕУ, затоа што тоа би значело дека тој и неговата опција би морале да ги почитуваат мошне строгите правила и опции на Унијата во врска со демократскиот систем, слободата на медиумите , малцинските и другите прашања, но наместо тоа тој ги игра своите игри„- рекол Пицула.
На четири столчиња
Според него, државата сега води една т.н. мултивекторска надворешна политика која се содржи од четири столба. „Тоа се Европската Унија, Русија, САД и Кина, а јас мислам дека е невозможно постојано да се седи на четири столчиња. Затоа што ние (ЕУ) не ги делиме вредностите со една Русија или со Кина, а се помалку и со САД“- рекол овој европратеник од групата на европските социјалдемократи.
Тој има речено дека не верува оти Србија , со сегашното државно раководство може да влезе во ЕУ, затоа што е невозможно да имаш амбиција за завршни преговори со Унијата до крајот на 2026 година, како што тврдат во Белград, без радикален пресврт во ставовите и позициите во однесувањето во разни подрачја.
Бо- има решено известувачот Пицула- граѓаните на Србија се тие кои избираат и одлучуваат каква влада сакаат да имаат, додека на институциитена ЕУ е да оценат дали таа, таква влада која е избрана ги исполнува стандардите и нормите за напредок на патот кон членството во Унијата.
Северна Македонија во самоизолација
Сега како предводници кон Унијата, од Западен Балкан се Црна Гора и Албанија, откако три години Србија нема покренато и отворено ново поглавје, Северна Македонија е заглавена во сопственото инаетење со Брисел, за да го исполни барањето на ЕУ, (усвоено од сите земји-членки), за реформирање на преамбулата на Уставот на државата, што Скопје упорно одбива да го направи, иако тоа никој во Европа не го прифаќа, додека БиХ и Косово немаат ниту кандидатски статус.
Но, Пицула потсетува дека најсилната партија во владеачката црногорска коалиција е со силна просрпска позиција, која отворено е против НАТО и ЕУ. Станува збор за партија со силно проруско определеување и според овој еврошратеник- само се претвораа дека сакаат напредување на Црна Гора кон ЕУ
Одборот за надворешна политика на Европскиот Парламент со големо мнозинство го усвои ваквиот извештај на известувачот Тонино Пицула, околу состојбата во Србуја, врзано за нејиниот пат кон ЕУ.
