Поврзете се со нас

Skopje Global

Едиторијал

ВИП азилантите на Орбан

ВИП азилантите на Орбан

На зградата  на една од опозициските партии во Унгарија е поставен плакат на кој пишува- „Орбановите ВИП азиланти“- заедно со слика на еден од нив- поранешниот македонски премиер, осуденик за корупција и бегалец од правдата, човекот кој го создаде режимот на груевизмот- што ќе рече- деспотијата, ултра-десничарењето и тврдиот национализам во земјата- кој и сега, од Будимпешта,  фактички, раководи со владата во Скопје. 

Орбан и неговиот режим се познати како силни подржувачи на крајната десница кој со европските лидери на овој блок и со разните деспоти и диктатори одржува крајно блиски врски и односи. Со српскиот претседател Александар Вучиќ со кого има и стретешко партнерство, иако јавно зборува дека српската покраина Војводина е „дел од историската унгарска територија“ , потоа со вечниот турски лидер Ердоган и израелскиот премиер Нетанијаху, се до големата блискост со Владимир Путин.

Според скопското сценарио

И порано и сега Орбан им помага ва политичарите од овој маштаб, да избегаат од правдата во своите држави. Онака како што тоа се обиде тоа да го направи и минатиот месец  со лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, испраќајки една своја полициска единица за да го спречи неговото  апсење  во  БиХ , каде е правосилно осуден. 

Унгарските специјалци, затскриени зад мандатот на ЕУРОФОР со кој (сега) раководи Унгарија, се обидоа да го грабнат Додик за да го префрлат во Будимпешта, според истата шема по која унгарските дипломати го грабнаа македонскиот екс премиер од Скопје и го префрлија преку Албанија, Црна Гора и Србија на унгарска територија. Откако претходно, во амбасадата на Унгарија во Тирана му дадоа на бегалецот- политичи азил.

Сите три западнобалкански држави имаат добри односи со владата во Скопје, но како што потсетуваат некои од европските медиуми, за настаните од 2018 година и бегството на корумпираниот екс политичар, тој во еден момент морало да влезе во багажникот на унгарското дипломатско возило, за да им избега на македонските власти.

Болсонаро во унгарската амбасада

Низ српската територија атомобилот бил придружуван од тајната служба на Србија (БИА) која се грижела за безбедноста на бегалецот во текот на патувањето до границата со Унгарија. Раководител на БИА тогаш беше сегашниот (се уште ) српски министер за одбрана.

Заедно со орбаноци тие помогнаа еден затвореник да избега  и да на ја издржува затворската казна, па наместо тоа, да ужива во гостопримството на унгарскиит режим, од каде продолжува да ја креира политиката на Северна Македонија-на домашен план и кон Европа. Служејќи му на  Орбан и на неговите интереси, но силно наштетувајќи им на европските македонски државни и стратешки  интереси.

Медиуми откриваат дека бегалецот од Скопје не е единсвениот што барал и добил закрила во Будимпешта.

Во март 2024 година поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, десничар и осомничен дека подготвувал државен удар , има поминато неколку ноќи во унгарската амбасада во Бразилија , за да го спречи своето апсење, обвинувајќи ги бразилските власти и актуелниот претседател Лула да Силва- за „лов на вештерки„. Исто онака како што Орбан и Доналд Трамп го прокоментираа осудувањето на француската ултра десничарка Марин ле Пен, обвинета и оудена за измамам на европските фондови.

Спасувањето на Додик

Во декември минатата година, Орбан му има дадено политички азил и на поранешниот полски министер за правда, обвинет за криминал неприфаќајки ја дури и т.н. европска потерница која не би смеел да ја игнорира, а која во овој случај била издадена за бегалецот од Полска. Во таа слика за орбановото дејствување- како своевидно зло на Европа- унгарскиот премиер се замеша во случајот со Додик- во мисијата за спасување на босанскиот политичар од редовите на српската заедница во БиХ.

Станува збор за случај кој има и политички и безбедносни последици – за Босна, но и за поширокиот регион- откако по издавањето на потерниа за апсење на Додик, од Белград ( најверојатно) е побарано да интервенира Будимпешта.  Откако српскиот претседател  се огласи дека- „никој нема да го апси лидерот на Србите“ во БиХ, непочитувајќи ја притоа целовитоста на босанската  територија и сметајќи ја српската енклава Република Српска за независна држава, што таа не тоа.

Интервенцијата на орбановите специјалци (78 во блиндирани возила) дури и да се покрива со учеството на Унгарците во силите на ЕУРОФОР, морало да биде изведено со одобрување и знаење на федералната влада на БиХ. Неместо тоа, специјалците ( од кои половината биле во цивилна облека) се истовариле во српската енклава, влегувајќи во БиХ преку српската државна територија- без знаење на босанските власти.

Орудие на српскиот национализам

Мораше да уследи ( за прв пат со Трамп) интервенцијата на Вашингтон и остриот прекор од државниот секретар Марко Рубио дека САД нема да дозволат растурање на државата БиХ, како што тоа го заговара Додик- орудие на Вучиќ за великосрпската приказна за некаков „српски свет“ (Србија, со Косово, српската енклава од Босна и Црна Гора- некои во тоа друштво ја ставаат и Северна Македонија, поради блискоста вмровците со Вучиќ и посетатат на Додик на Скопје)- што е само ново име за градењето „Голема Србија„ од времето на Милошевиќ.

Станува збор за копирање на путиновиот „руски свет“ поради кој падна Грузија, на пат е Молдавија , а за тоа трае агресијата и војната против Украина. Додик, подржуван од Србија отворено заговара „реорганизација„ на Западен Балкан- со елиминација на Косово и на БиХ, во што има подршка од Орбан кој политички и материјално го подржува сепаратизмот на Додик и се повеќе се меша во состојбите на балканскиот регион.

Европски политички експерти забележуваат дека Унгарецот затоа и го брани српскиот национализам, иако самиот претендира на добар дел од територијата на Србија, а и затоа Орбан се прикжува како голем подржувач на влезот на Западен Балкан во ЕУ- за да има свој блок држави кои ќе му бидат лојални во (практично) разбивањето на ЕУ.

Орбановиот свет

Како популист тој е опседнат со тоа да биде некаков лидер, предводник на целиот регион и на Средна Европа, со ултрадесницата на своја страна, а како националист тој ги храни Унгарците со историските приказни за „голема Унгарија“ во која би се сместиле и делови од Хрватска и Србија, од Романија и Словачка.

Затоа ( со Путин) соработува за раструрањето на една Украина, за да ја присвои богатата со минерали Транскарпатија. Од тие причини ја брани тезата дека „нема Украина“ и дека Украинците  се „народ без држава“. Додик, пак, во меѓувреме и на Србија и на Орбан им треба за создавање кризи во регионот и за „извлекување„ од кризните ситуации.

Удесија тој да се појави во Ерусалим на една меѓународна конференција , од каде потоа  го набркаа како бегалец од правдата. За возврат Нетанијаху кој е се поосамен во меѓународната јавност, беше поканет и пречекан помпезно во Будимпешта, кај Виктор Орбан , со почести какви не му се приредуваат никаде- ниту во Вашингтон.

(Спектатор)

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Едиторијал

Горе