Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Американците ги селат парите во Европа

Американците ги селат парите во Европа

Швајцарски медиуми откриваат дека се повеќе богати и имотни Американци отвараат сметки во банките во Швајцарија, бегајќи од она што се нарекува „американизација“ на нивните инвестциони портфолија.

Според овие извори, Американците отвораат инвестициски сметки со висока нето вредност и тоа појава која се забележува последните месеци и станува се поинтезивно.

Бегство од трамповите декрети

Директор на банка во Цирих има изјавено дека оваа појава е засилена по промната на американската администрација и по првите економски потези и мерки на Доналд Трамп.

Но, вели дека тоа веќе се има претворено во некаков цикличен процес . Прв пат забележан по изборната победа на Барак Обама, а потоа и по избувнувањето на корона пандемијата. Сега тоа се повторува после промоцијата на одмазничките трампови царини.

Некои од овие Американци имаат објаснето дека со селењето во Европа сакаат да се дистанцираат од американскиот долар  за кого се смета дека ќе продолжи да слабее на пазарот на девизите, поради ситуацијата со американскиот долг.

Швајцарија на Американците им е привлечна прво поради својата политичка неутралност, но о поради силната и стабилна економија, силината на швајцарскиот франак, но над се и поради силниот и стабилен правен систем.

Претворање на парите во злато 

Има и такви кои тврдат дека на преселба ги има потикнато и (засега) несигурната политичка ситуација во САД, од падот на владеењето на правото, кое сега е сведено на управување со претседателски декрети, водени од волјата на претседателот на државата.

Тоа ги има натерано своите пари забрзано да ги претвораат во злато, тргнувајќи од тоа дека Швајцарија е позната по чувањето на златните резерви. Медиумите откриваат дека не мал број Американци настојуваат да добијат швајцарско жителство или државјанство во земјата, или некаде во Европа.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе