Турција : Повредени бегајќи од земјотресот
Над стотина лица досега се регистрирани како повредени од земјотресот во Истанбул, додека бегале кога се тресело тлото – соопшти канцеларијата на гувернерот на областа околу најголемиот турски град.
За сите 150 повредени се знае дека скокале од високо во време не потресите , во големата паника што настанала по серијата земјотреси . Сепак овој извор тврди дека (колку што се знае), канцеларијата на гувернерот нема сознанија дека било кој од овие луѓе е потешко повреден, или дека се наоѓа во животна опасност. Станува збор главно за скршеници кај посериозните случаи.
Во пладневните часови пред некој ден, Истанбул и неговта околина го погодија неколку потреси од кои најсилниот бил со јачина од 6,2 степени од Рихтеровата скала.
Веднаш биле покренати сите служби за безбедност и за цивилна заштита, но се вели дека стравот и паниката, овој пат, биле поголеми од самиот земјотрес, инаку , не би требало да се потцени-како поради својата силина, така и поради неговото активирање.
Властите се задоволни што нема сознанија за жртви и за некоја позначајна материјална штета на објектите во градот и околината. но угледни турски сеизмолози предупредуваат дека ова може да биде некаков предзнак. Некои од нив имаат изјавено дека ова е она на што експертите стравувале и предупредувале во изминатите години.
Турција е лоцирана во силно трусна зона и во земјата често има посилни и послби поместувања на тлото. Последниот таков земјотрес што зафати делови на областа Анадолија, предизвика околу 30 илјади загинати лица.
