Претседателот пријави министер во полиција
Претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ направи преседан во политичката пракса на оваа западнобалканса држава , пријавувајќи го во полиција за, како што јавија локалните медиуми , отворена закана кон шефот на државата од страна на министер во неговта влада.
Колку што се знае,полицијата случајот му го предала на државното обвинителство на натамошно испитување.
Повод за овој невообичан случајот е законот за финансирање на општините (со мнозинско албанско население) , што Милатовиќ одбил да го потпише откако законот веке бил усвоен во Парламентот
Министерот за економски равој Ник Џелошај гневен на одлуката на пртседателот му испратил порака тврдејќи дека направил грешка и во телефонска расправија предупреил дека на тој начин ризикува да се соочи со силниот гнав на локалните Албанци. Р
Законот,инаку, се однесува на зголемување на данокот за недвижен имот кој министерот смета дека најмногу ќе ги погди лужето од албнанската заедница во Црна Гора.
Милатовиќ изјавата на министерот ја има сфатено како лична закана, а не само како недолчна изјава и однесување на владин министер, па затоа побарал итервенција полицијата, барајќи од премиерот и сменување и нгово сменување од функцијата.
Министерот Џелосај обвинува дека претсеателот го блокирал законот од личен интерес, што овој го офрла како бесмислено тврдење. Во пораките министерот му порачува на Милатовиќ дека сега треба да го чека одговорот на албанскто население
Министерот е лидер на партијата Албанска алтернатива која е дел од владеачката коалиција.во Црна Гора
