Кралот Филип се сретна со својата полусестра
Белгискиот крал Филип, се сретна, за прв пат, со својата полусестра, Делфина Боел (52), која сега и официјално е белгиска принцеза
Средбата што се одржала во еден кралски замок, доаѓа по нејзината успешна неколку годишна правна битка за да докаже дека е дете на поранешниот крал на Белгија, Алберт, од неговата вонбрачна врска со мајката на Боел, баронесата Сибил де Селис Лонгшамп.
После долгото опирање да признае, бившиот крал, татко на Филип, ја призна Делфина за своја ќерка, во јануари оваа година, откако беше присилен (со закана од висока парична казна) да прифати ДНК тест.
„Долг и богат разговор“
Кога тестот го потврди татковството, новопризнаената ќерка покрена правна постапка да добие ист кралски третман како и трите законски деца на Алберт и исти наследни прави како што имаат актуелниот крал, неговиот помлад брат и сестрата – сите од бракот со кралицата Паола.
Делфина Боел, така стана белгиска принцеза. Нејзините две деца добија исто така кралски титули, а а таа и децата и правото да го користат кралското презиме на поранешниот белгиски суверен-Сакскобурготски.
Меѓутоа, и покрај стекнатата титула, принцезата Делфина нема да добива кралска, финансиска надокнада и поддршка.
Во соопштението од правата средба, кралот Филип и принцезата Делфина, велат дека имале „долг и богат разговор“. Во текот на средбата и разговорот, од кој има и една заедничка фотографија, како што се вели – „имале можност да се запознаат и да разберат, едниот за другиот, низа работи“.
Разговаравме за нашите досегашни животи и за работи за кои и обајцата се интересираме
…се вели во изјавата, по првата средба.
Дете од тајна врска
Нивниот татко, имал 18 години тајна љубовна врска со мајката на Боел, пред да стане крал на Белгија. Боел која е уметник по професија, прв пат, јавно обелодени дека е вонбрачно дете на тогашниот крал, во едно интервју, во 2005 година.
Алберт кој сега има 86 години, беше крунисан во 1993 година, како шестиот по ред белгиски крал, по смртта на неговиот постар брат, кралот Бодуен којк зад себе не остави наследник.
Кралот во Белгија има главно церемонијална улога, но во текот на длабоката политичка криза во оваа земја (2010/2011) кога се закануваше дури и расцеп на кралството, Алберт успешно интервенираше и помогна за извлекување на земјата од кризната состојба.
Во 2013 година абдицираше во полза на својот најстар син Филип, после 20 години на престолот, најмногу поради притисокот на аферата со вонбрачната ќерка.