Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Конгресот го поништи ветото на Трамп

Sergey Novikov/Bigstock.com

Конгресот го поништи ветото на Трамп

Американскиот Конгрес, за прв пат во мандатот на претседателот на заминување, Доналд Трамп, го поништи ветото што тој го стави врз веќе изгласаната одлука и на двата дома, за новиот буџет за одбрана. Тоа значи дека за буџетот гласале и републиканските конгресмени и сенатори.

Отфрлањето на ветото на шефот на државата е ретка постапка во американската политичка пракса, особено што за неа е потребно обезбедување на дво -третинско мнозинство, што е тешко кога и во Долниот дом, а и во Сенатот една партија нема обезбедено мнозинство.

Ретка постапка

Демократите доминираат во Претставничкиот дом, а републиканците во Сенатот, па затоа и нивната согласнот околу воениот буџет, а уште повеќе нивната решеност, заедно, да му се спротивстават на претседателското вето, во Вашингтон се оценува како „ шлаканица“ за Трамп и знак дека неговите републиканци дигаат раце од него.

Во секој случај, во Долниот дом, отфрлањето на ветото поминало со 322 гласа „ за“ и 87 „ против“, додека во Сенатот каде има 100 членови, 81 сенатори биле за тоа да се отфрли ветото на Трамп, а само 13 му останале лојални и гласале ветото да остане.

Ваквата ситуација се создаде откако Трамп одби да ја потпише одлуката на двата дома на Конгресот, за одобрените 740 милијарди долари за националната одбрана, за да може одлуката да стане закон и да стапи во сила.

Во својот веќе познат стил, гневен на своите републиканци кои овој  пат гласаа за предлогот што инаку го покренаа демократите, Трамп изговор најде во тоа дека со законот не се укинувала правната заштита за технолошките компании.

Гневен на своите републиканци

Ветото околу износот на одобрените средства,  го има поврзано и со скорешното повлекување на Американците од Авганистан ( до средината на јануари треба да си заминат две илјади војници од вкупно 4500, колку што ги има сега), како и со едностраната негова одлука да ја казнува Германија и посебно канцеларот Ангела Меркел, така што ќе ги повлече од Германија американските трупи. Операција што беше планирана за оваа година.

Откако ги загуби изборите на 3 ноември, а се повеќе републиканци му вртат грб, Трамп има покренато свовидна „ јавна војна“ против сите „ предавници“ , гневен  што не го подржуваат во неговите недокажани тврдења дека претседателските избори, наводно, биле „ фалсификувани“ и дека „ победата му била украдена„.

Политички експерти тврдат дека тој е гневен и затоа што републиканците се солидаризираа со демократите и околу нивниот, претходно, веќе постигнат договор за износот на средствата за помош на Американците и на бизнисите во нивното опоравување од рецесијата и од загубите, што ги предизвика пандемијата, поради која многу луѓе останаа без работа. Не прифаќајки го повисокиот износ што тој отпосле го имаше предложено.

Анти- Бајден митинг на 6 јануари

Трамп , затоа, продолжува да се инаети и да војува, па на Твитер тој ги повика своите најлојални симпатизери ( а тоа се сега веќе ултра-десничарите и расистите) да ја бранеле демократијата и правдата, на тој начин што на 6 јануари, ќе се соберат на масовен протест во Вашингтон против – како што вели- изборниот грабеж.

Протестот треба да се одржи на денот кога Конгресот на САД треба формално да ги потврди изборните резултати и да ја потврди изборната победа на Џо Бајден, новоизбраниот американски претседател.

Спикерот на Конгресот, Ненси Пелоси решението на двата дома , да му се спротивстават на претседателот, поништувајќи го неговото вето, го објаснува со потребата – да не дојде до ситуација да им се наштети на американските војници и да се загрози нивната безбедност, но и за да се почитува веќе постигнатата согласност меѓу двете партии во Конгресот.

Во изминатите четири години Доналд Трамп осум пати има ставено вето. Ниедно до ова сега, не беше поништено поради досегашната целосна лојалност на републиканците.

(В.А.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе