Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

На збогување – помилување и за Бенон

doddis/Bigstock.com

На збогување – помилување и за Бенон

Доналд Трамп, кого американските политички историчари веќе го опишуваат како убедливо , еден од најлошите претседатели на САД, последниот ден на функцијата го има поминато  избеган од Вашингтон, во воената база Сент Ендријус, каде се има збогувано со неговите досегашни блиски соработници и продолжувајќи да потпишува помилувања- најчесто на оние кои не треба да бидат помилувани.

Всушност, јавноста во Америка, па дури и луѓето во неговата досегашна администрација, велат дека тој и на 20 јануари, кога функцијата ја презема новиот претседател, за кого се определи големо мнозинство Американци,  се однесува онака, како што се однесуваше во сите изминати четири години – тврдоглаво, терајќи инает на се и за сешто, непочитувајќи ги нормите за однесување на еден шеф на држава, каква е САД.

Помилување и за себе и синовите?

Правни експерти се согласуваат дека тој има право на помилувања и правно гледано- тоа право го има се до пладне на 20 јануари ( до 18 часот по средноевропско време) , односно до крајот на својот мандат.

Тоа е право што го имале и сите претседатели пред него и сите го имаат искористено- повеќе, или помалку.

Трамп го користи максмално, па додека е правен овој текст на Скопје/Глобал уште не беше јасно само уште една работа- дали тој ќе се помилува и себе си, како и неговите двајца синови ( ја водеа компанијата Трамп во време додека таткото беше во Белата куќа) и секако, личниот адвокат Руди Џулијани.

Тоа е човекот кој наместо да биде високо рангиран и почитуван функционер на републиканската партија ( едно време се сметаше дека може да биде првиот Американец од италијанско потекло- претседател на САД) , се претвори во нешто сосема спротивно. Сега е осомничен дека ги има смислено заговорите кои ги правеше Трамп против изборниот систем во државата, а го замеша досегашниот претседател и во крајно непотребниот меѓународен скандал ( со Украина) за кој беше покренат првиот импичмент.

Сомнителни одлуки

Досега, Трамп помилува цела низа свои блиски другари, пријатели, соработници и советници- најголемиот дел од нив врзани за замешаноста во скандалот со вмешувањето на една странска земја (Русија) во претходната изборна кампања во 2016 година, за да и се напакости на Хилари Клинтон.

Сега врвни правници проценуваат дека многу од овие помилувања имаат сомнителна правна тежина и се со легалност која може да се доведе во прашање.

Тоа се однесува и за последните две „звучни“ помилувања- за финансиерот на изборната кампања на досегашниот претседател, Елиот Бројди и за Стив Бенон, поранеше советник на Трамп со звучна титула- советник за стратегија.

Таа стратегија се покажа и мачна и мрачна, но таа висока позиција во советничкиот тим на Белата куќа ја стекна, откако директно помагаше еден анонимус, њујоршки милијардер и комплетен новак во политиката, каков што беше Доналд Трамп да се истурка до врвот на американската политика и до изборот за претседател на САД.

Мрачната идеологија на Бeнон

Секако, преку еден ваков набрзина направен политичар- требаше да се истурка и мрачната идеологија на беноновата „ црна алијанса“ која преку него Трамп ја внесе во Белата куќа и на голема врата- во американската политика. Станува збор за идеологијата на улицата, на дното на американското општество, на ултра-десницата и десничарењето, на расизмот и на белата супремација.

Прв пат еден американски претседател (Трамп) застана во нејзина одбрана, одбивајќи да ја осуди во првата  тв дебата со Џо Бајден. А, тоа главно се оние луќе кои вооружени шетаа со своите возила, мафтајќи со американски знамиња и со транспарентите за подршка на Трамп, низ улиците на Вашнгтон, пркосејќи им на безбедносните сили  кои го чуваат американскиот главен град од ваквите насилници и од трамповите банди.

Во август изминатата година, Стив Бенон беше уапсен , па веднаш ослободен со кауција, но остана обвинет за измама.

Стратег – измамник

Обвинителството го товари  овој идеолог на трамповата изборна кампања во 2016, а потоа и на домашната политика, дека има измамено повеќе илјади про-трамп гласачи и собрано 25 милиони долари од нив , учествувајќи во кампањата за изградбата на контроверзниот ѕид на американско-мексиканската граница. Сите биле уверувани дека тоа го прави во името и за  претседателот на САД. Всушност, целата кампања била за една приватна компанија која требало да учествува во подигањето на ѕидот.

Едноставно, изиграни се многу обични Американци, па она што го има направено овој човек е најобичен криминал кој не може да не се суди и за што не би бил помилуван ниту еден „обичен“ граѓанин. Особено што парите за кои се зборувало дека се донираат за трамповата кампања, на крајот завршиле во приватни џепови.

Во август, кога Бенон беше уапсен, Трамп побрза веднаш да се огради од него и од целата криминална измама, уверувајќи дека ниту тој, а ниту било кој од Белата куќа е замешан во случајот, иако изјави дека неговото апсење е „ тажна работа“.

Меѓутоа, во последните часови на својот претседателски мандат, кога се однесува во стилот- после мене потоп- игнорираќи ги основните норми на американската правда, Трамп не го остави Банон да оди (заслужено) во затвор.

Скриено незадоволство

Луѓе блиски до администрацијата изјавиле за домашните медиуми дека токму Бенон го има убедено Трамп, Америка да излезе од договорот за климата, потпишан свечено во Париз, уште и диктирајќи ги и грубите формулации против овој витален докумет од глобално значење.

За овој десничарски стратег се вели и дека тој стои зад наредбата да се забрани имиграцијата на луѓе од определен број (исламски) земји.

Многу републикански политичари уште тогаш биле против тоа Стив Бенон да биде толку близу до претседателот на САД, стравувајќи од тоа беноновата „ црна идеологија“ да стане идеологија и на Белата куќа, што пак јавноста ( нормално) ќе ја поврзе со партијата.

Но,сепак, иако сето тоа и се случи, никој од нив , практично, се до обидот за пуч на 6 јануари, не се има осмелено јавно да се спротивстави на она што го прават Бенон и Трамп.

Гневот на зетот Кушнер

Работите биле отидени до таму што Бенон , таков каков што е,  се наметнал како главен во целиот советнички тим во Белата куќа, недозволувајќи никој да се спротивставува на внесувањето на мрачната стратегија на главниот стратег на претседателот – ултра-десничарењето и популизмот- во американската политика.

Кога се откри дека Бенон има зборувано лошо за сите оние кои работат со Трамп, дошло до „ експолозија“ во Белата куќа. Особено што меѓу гневните на Банон се нашол и советникот Џаред Кушнер, зетот на претседателот, па Стив Бенон има добиено отказ по брза постапка.

Во 2018 година, Трамп има речено дека „ Бенон не требало воопшто да биде во советничкиот тим“, додавајќи дека откако си заминал од Белата куќа го „има загубено разумот“, но како сега стојат работите изгледа дека не мислел така. Ја има излажано американската јавност.

(В.А.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе