Поврзете се со нас

Skopje Global

Бизнис Глобал

Џеф Безос се повлекува

"Amazon Spheres Grand Opening" (CC BY 2.0) by Seattle City Council

Џеф Безос се повлекува

Џеф Безос соопшти дека се повлекува од својата досегашна функција генерален директор на компанијата „Амазон“. Притоа најави дека на неговото место доаѓа Енди Џеси, досегашен директор на „Амазон Веб Системите“.

Безос останува сопственик на компанијата, но според американските медиуми, досегашната функција ќе ја замени за новата позиција – извршен претседател на Бордот директори на „Амазон“. На тоа место ќе се вклучи после 1 јуни, на почетокот од третиот квартал од годината.

Безос е основач на компанијата и до сега и нејзин генерален директор. Бизнисот го има започнато уште во 1994 година, во една гаража, сместена во изнајмена куќа. Сега „Амазон“ важи за една од најголемите светски компании, чија пазарна вредност се проценува на над 1,000 милијарди долари.

Самиот тој е (велат) најбогатиот човек во светот со над 100 милијарди долари лично богатство.

Од минатата година Безос почна да ги продава своите акции во „Амазон“, но и покрај тоа тој се уште поседува масивни 53 илјади акции во компанијата. На берзанскиот пазар акциите имаат вредност од 170 милијарди долари.

Безос најави дека секоја година ќе продава од акциите, до една милијарда долари, а тие средства ќе ги употребува за да го финансира својот стартап за производство на ракетата Блу Оринџин.

Во писмото што им го има испратено на своите вработени, Џеф Безос ги известува дека како нов извршен претседател на директорскиот Борд, целосно ќе се насочи кон новата палета производи и новите иницијативи.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Бизнис Глобал

Горе