Бебе се удавило за време на крштевањето
Едно бебе починало во Романија, во текот на религиозната церемонија на крштевање, што има предизвикано бурна реакција во романската јавност, со барање до Романската православна црква да го измени ритуалот- со три пати целосно потопување на бебињата во осветена вода.
Истрагата заклучила дека бебето, старо само 40 денови, починало поради престанок на работата на срцето.
Малечкото било итно префрлено во болница, но таму набргу починало и покрај обидите на лекарите со реанимација да го одржат во живот. Аутопсијата утврдила дека во малите бели дробови на бебето имало- вода.
Петиција во јавноста
Трагичниот инцидент се случил во романскиот град Сукеава, во североисточните делови од земјата. Локалното обвинителство има покренато истрага против свештеникот на црквата каде било изведувано крштевањето.
На социјалните мрежи веднаш по давењето на бебето е покрената петиција во која се бара да се прекине со ваквиот ритуал. „ Смрта на новороденчето поради ваквата пракса на црквата претставува огромна трагедија. Ваквиот ризик ( со бебињата) мора конечно да се исклучи, за да може да триумфира радоста од крштевањето “- стои во петицијата која веднаш ја имаат потпишано стотина илјади Романци.
Ваквата реакција на јавноста е предизвикана о сознанијата во тамошната јавност дека овој инцидент не е прв и не е единствениот досега. Според романските медиуми, во изминатите години имало десетина вакви случаи во кои страдааат бебиња додека ги крштеваат- потопувајќи ги целосно во водата, ставена во специјакен црковен сад.
Конзервативците против промена
Романската црка настојува да се дистанцира себе си од инцидентот, префрлајќи ја одговорноста за тоа како се спроведува церемонијата, на свештениците. „Тие можат да истурат само малку вода на челото на бебето, наместо целосно да го потопуваат во крстената вода“- изјавил за медиумите портпарол на црквата.
Но, романскиот архиепископ Теодосије, која важи за предводник на традиционалното, ортодоксно и конзервативно крило на романската црква има изјавено дека ритуалот- со целосно потопување на бебињата- нема да се менува.
Над 80 отсто од Романците се декларираат како православни христијани. Во тамошната јавност црквата е институцијата во која најмногу се верува.