Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

Уапсен за намерно инфицирање со корона 22 лица

angeluisma/Depositphotos.com

Уапсен за намерно инфицирање со корона 22 лица

Шпанската полиција, на островот Мајорка, уапси едно 40 годишно лице, затоа што намерно има заразено 22 лица со вирусот на Ковид.

Обвинетиот, чиј идентитет засега не се открива, упорно продолжувал да доаѓа на работа и да посетува една теретана, иако имал висока температура од 40 степени и постојано силно кашлал.

Освен тоа, постојано се движел низ местото каде работел, практично, раширувајќи ја заразата, не носел маска, или ако бил натеран да ја носи, веднаш потоа, ја тргал од лицето постојано кашлајќи. На сите свои колеги им зборувал, а некои сметаат дека им се заканувал, дека ќе ги зарази со коронавирусот.

„Сите ќе ве заразам“

Петмина од неговите колеги на работното место кои работеле блиску до него, како и тројца други во теретаната, подоцна биле тестирани и се открило дека се позитивни, откако се пожалиле дека не им е добро.

Уште 14 лица – сите блиски и членови на семејствата на првично инфицираните со коронавирусот, се заразиле и заболеле од Ковид-19, вклучувајќи и три деца на возраст од по само една година.

Шпанската полиција, во соопштението за овој случај, има речено дека обвинетиот, заразен од овој вирус, постојано бил убедуван да не доаѓа на работа, дека му зборувале за симптомите кои се идентични на Ковид, но тој одбивал да оди дома и да се лекува.

Тој отишол да се тестира и тоа во вечерните часови, но не чекајќи го резултатот следниот ден одново дошол на работа, а потоа и во гимнастичката сала.

Кога колегите барале од него да си оди дома и да не доаѓа на работа, тој демонстративно ја симнал маската од лицето и кашлајќи кон нив им рекол: „Сите вас ќе ве заразам со коронавирусот“.

Случајот од Лондон

Кога луѓето со кои работел го разбрале резултатот од тестот – настанала општа паника. Сите барале да бидат тестирани и да се провери нивната здравствена состојба, а тогаш била алармирана и шпанската полиција.

Случајот потекнува од јануари оваа година, во градот Манакор, од кога е покрената и истрагата. Полицијата сега објаснува дека никој од намерно заразените не се потешко разболел и сите се опоравиле.

Ова не е прв случај за кој се знае, за намерно заразување со коронавирусот. Британските весници пред една година открија таков инцидент на лондонската железничка станица Викторија, кога сериозно заболен човек се приближил до една од жените кои им стојат на услуга на патниците – ја плукнал во лицето и почнал да кашла во неа.

Жената многу брзо се разболела, а кусо време по тоа и починала. Полицијата никогаш го нема откриено напаѓачот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе