Поддршка од 28 милијарди евра од ЕУ за Западен Балкан
Еврокомесарот за проширување Оливер Вархељи го извести Европскиот Парламент за планот на ЕУ и на Европската комисија да издвои масивни 28 милијарди евра, за економско опоравување и за инвестиции, за сите земји од Западен Балкан.
Според него, тоа е прекрасна можност за вистинска промена во стопанството на државите од регионот и за нивното побрзо ускладување на развојот со Унијата.
“Тие вложувања му се исклучително потребни на Западен Балкан – и тоа во што е можно покус рок – па затоа, сега е неопходно, веднаш да се внесат измени во Фондот за претпристапната помош на ЕУ за регионот – ИПА 3“ – има речено овој еврокомесар во текот на една дебата во Парламентот во Стразбур.
Одлука до 2 јуни?
Вархељи објаснил дека „верува оти ЕУ околу ова прашање ќе успее да донесе одлука на 2 јуни.
За него тоа е многу важно, „затоа што на тој начин Брисел и Унијата ќе го уверат регионот на Западен Балкан дека се партнер на кој може да му се верува“.
Одлуката за доделување 28 милијарди евра е донесена наменски – за изградба на инфраструктура, за покренување на локалната економија со отворање нови работни места, за поттикнување на локалниот бизнис и секако за подобрување на стандардот на луѓето и сигурна иднина.
Со овој економски план предвидува и јакнење на економската интеграција на регионот и посебно – негово ускладување со ЕУ, што ќе придонесе за намалување на сегашниот јаз меѓу Западен Балкан и Европската Унија.
Тоа – како што рекол и еврокомесарот Вархељи – конечно – ќе ја забрза и евроинтеграцијата на целиот регион.
Преговорите со новата методологија
Во дебатата учествувал и министерот за надворешни работи на Португалија, Аугусто Сантос Силва, актуелен претседавач на министерскиот совет на ЕУ (до крајот на јуни) кој потврдил дека новата методологија за проширување на ЕУ – веќе се применува и на Црна Гора и на Србија.
Без разлика што овие две држави преговарачкиот процес за влез во Унијата го имаат започнато според старата методологија – со поранешните 35 поглавја што секоја земја кандидат требаше да ги исполни, пред да стане членка.
Сантос Силва има речено дека преку новата методологија, овие две западнобалкански земји, како и другите претенденти кои тој процес очекуваат да го започнат – ќе се стави силен акцент врз врежувањето на владеењето на правото, на темелните закони и функционирањето на вистинската демократија.
Но, исто така, и врз реформирањето на државната управа, а сето тоа заедно, треба да тече паралелно со унапредувањето на економскиот развој, на секоја од земјите во регионот.