Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Наместо домашен притвор – бара затвор

ArturVerkhovetskiy/Depositphotos.com

Наместо домашен притвор – бара затвор

Еден италијански затвореник, кого судот го има осудено – казната да ја издржува во домашен притвор, се појавил во полицијата со барање – наместо дома – казната да ја издржува во затвор, како што рекол – вистински и со решетки на прозорецот.

Случајот за медиумите го откриле полицајците, откако осуденикот, инаку Албанец кој живее во Италија – се пријавил во полициската станица во малото место Гидони Монточело, во близината на Рим, жалејќи се дека не може да издржи дома, во присилен соживот со својата сопруга и уште со нејзините роднини.

Според полицијата, човекот бил толку очаен што побегнал од домашниот затвор, за да го сместат во „вистински“ затвор, каде би ја издржувал казната до крајот.

Бил осуден за учество во дистрибуција на дрога, па во домашен притвор требало да остане неколку години.

„Не можам повеќе да издржам после неколку месеци. Веќе сега животот ми се претвори во пекол. Не можам вака и сакам да ме ставите во затвор“ – им изјавил овој осуденик на вчудовидените полицајци.

Веднаш по тоа, полицијата го уапсила, според новото обвинување – за бегство од домашен притвор и за непочитување на одлуката на судот – со која му било наложено да седи дома и да не смее да го напушта „затворот“.

Сега е сместен во вистински затвор – откако судот ја преиначи својата првобитна пресуда. Поради бегството, домашниот притвор му се заменува со затвор – гласи новата одлука на судот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе