Поврзете се со нас

Skopje Global

Здравје

ЕУ со нов модел за патување во време на Ковид

borodai.andrii/Depositphotos.com

ЕУ со нов модел за патување во време на Ковид

Европската унија подготвува нов модел за менаџирање со пандемијата со коронавирусот, со кој поинаку ќе се регулира патувањето во и од Европа. Новиот модел предвидува напуштање на досегашната пракса – за водење сметка за географското подрачје од каде доаѓа патникот.

Тоа во исто време ќе значи и надминување на системот за „мапирање на епидемијата“ – (карта за тоа каде и како таа се движи на континентот) – освен за информативни потреби на Унијата.

Според европските медиуми кои се повикуваат на владини извори во некои земји – членки, ограничувањата во патување повеќе не би се врзувале за регионот од каде доаѓа едно лице, туку само за неговиот епидемиолошки статус. Тој би се потврдувал со документот за вакцинираност, или за опоравување од (евентуално) прележан Ковид, или пак со потврдите за негативниот тест на патникот.

За да може ПЦР тестовите да бидат валидни, условот и понатаму ќе биде – да се направени во рок од најмногу 72 часови, додека за брзите, антигени тестови – тој рок изнесува од 24 до 48 часови.

Новиот модел би го почитувал деветмесечното траење на „зелената ковид пропусница“, но по истекувањето на нејзината важност – за оние кои се целосно вакцинирани, како и за оние кои имаат примено и трета доза – одлуката ќе се носи врз основа на направена проценка.

Во меѓувреме, од 1 февруари, важноста на сегашните пропусници веќе се намалува од девет, на шест месеци. Шестмесечната важност, се верува, дека би можела да предизвика проблеми за оние на кои им истекол шест месечниот рок од примањето на третата – бустер доза вакцина, затоа што (засега) нема ништо официјално околу евентуалното примање на четврта доза.

За оваа работа и натаму има различни и често дијаметрално спротивни мислења на медицинските експерти, како и на научниот свет – оние кои беа вклучени во правењето вакцина против коронавирусот.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Здравје

Горе