Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Бред и Анџелина и натаму во „војна“

everett225/Depositphotos.com

Бред и Анџелина и натаму во „војна“

Американските филмски ѕвезди Бред Пит и Анџелина Џоли, едно време прогласени за најубавата двојка на Холивуд, набргу по разводот започнаа „војна“ која се развлече сите изминати години, а продолжува и натаму да трае.

Во време кога се мислеше дека состојбата е примирена, се огласи поранешниот сопруг Бред со нова тужба, овој пат, поврзана за нивниот заеднички имот. Тој ја тужи својата екс сопруга дека – незаконски го продала својот дел од нивниот заеднички имот. Станува збор за имот во Франција – Шато Миравал- за кој на овој начин се разбра дека се уште се водел како – заеднички.

Бред Пит тврди дека тој и Џоли имаат договор, според кој ниеден од нив, нема да продава дел од имотот, купен во 2008 година, без согласност на другиот партнер.

Поранешниот сопруг тврди дека Анџелина го има прекршено тој договор, затоа што својот дел му го продала на еден руски богаташ (Јуриј Шефлер -трговец со вино и алкохолни пијалоци), без пред тоа да добие согласност од Бред.

Имотот го имаат купено со заеднички пари – за 30 милиони долари. На него  се имаат и венчано шест години подоцна и според договорот – направен во годините на љубов и взаемно разбирање – на имотот требало да растат нивните деца, а тие двајцата на него да започнат бизнис – да одгледуваат грозје и да станат производители на вино.

Ништо од тоа не се случи. „Двојката на столетието“ се разведоа по само две години брачен живот.

Анџелина Џоли се судеше со Пит околу нивните деца (вклучувајќи ги и усвоените) во врска со старателството и одгледувањето. Медиумите велат дека иако се тврдеше дека договор бил постигнат – поранешната сопруга и натаму води судски спорови со својот поранешен сопруг. Ова, сега, околу имотот во Франција е сосема нов момент.

Џоли која освен што се покажа како добра актерка, стана позната и како режисер.

Таа се има три пати мажено и ниту еден брак не го има сочувано. Со двајца од тројцата сопрузи, се има судено околу децата и нивната грижа. Со третиот сопруг, Бред Пит таа беше во врска десет години, пред да се венчаат во 2014 година. Веќе во 2016 година Анџелина Џоли побара развод.

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе